За Ирена Спировска годините се само обична бројка.
50-годишната водителка зрачеше со шарм и харизма во впечатлива креација со рачно поставени латици кои потсетуваат на пердуви.
Спировска сподели фотографии и доби многу комплименти за изгледот.

„Совршено изработенo ремек-дело што зрачи со етерична убавина и префинета сензуалност. Рачно наредените латици, налик на пердуви, грациозно се слеваат по целата силуета создавајќи магичен ефект на движење и текстура.Нагласена со везен сјаен појас што ја обликува фигурата, оваа креација е симбол на софистицираност и беспрекорен стил“ - стои во описот на креацијата од Елена Лука.

