Почетна » Новости » Шоу-бизнис » Битолчанецот Крис Петровски на добар пат да стане холивудска ѕвезда

Битолчанецот Крис Петровски на добар пат да стане холивудска ѕвезда

Крис Петровски е името за кое најверојатно допрва многу ќе слушаме. 26-годишниот битолчанец е на добар пат да стане успешна холивудска ѕвезда.

Талентираниот Македонец моментално глуми во популарната серија „Madam Secretary“ и работи рамо до рамо со филмски ѕвезди како Морган Фриман, Теа Леони и Тим Дејли.

Крис Петровски Крис Петровски

Од 2015 година до денес, Крис има снимено 13 епизоди од серијата, во која влегува во улогата на рускиот шпион Димитри Петров.

Петровски е роден во Битола, каде живее до својата петта година, а потоа се преселува во Нов Зеланд каде дипломира на актерската програма на Институтот за технологија „Unitec“. Неговиот пат продолжува во Лос Анџелес, каде добива диплома на Академијата за глума „Stella Adler“.

Крис Петровски Крис Петровски Крис Петровски

Петровски има добиено свои улоги и во сериите „In The Moment“ и „Spartacus: War of the Damned“ и повеќе филмови, меѓу кои „Sable“, „Loss of Life и „Coldwater“.

Крис Петровски Крис Петровски Крис Петровски

Крис сега живее во Њујорк и е во брак со актерката Александра Лемус.

Крис Петровски Крис Петровски Крис Петровски Крис Петровски

ВИДЕО

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 11%
  • 25%
  • 63%
Се испраќа...

(Вкупно: 10614 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.