БиМилк е новиот генерален спонзор на фестивалот Браќа Манаки
Почетна » Новости » Шоу-бизнис » БиМилк е новиот генерален спонзор на фестивалот Браќа Манаки

БиМилк е новиот генерален спонзор на фестивалот Браќа Манаки

Свеченото отворање на овогодишното издание на фестивалот „Браќа Манаки“ беше обележано со коктел за добредојде организиран од страна на компанијата БиМилк, која е новиот генерален спонзор на фестивалот.

Секогаш имајќи го во центарот на своето работење задоволството на потрошувачите, БиМилк им приреди оригинално доживување на гостите, овозможувајќи им дегустација на разновидни млечни коктели во атмосфера соодветна на големо фестивалско случување.

Соработката меѓу најголемата македонска млекарница и реномираниот фестивал е во согласност со стратешката определба на компанијата да биде одговорен и активен поддржувач на заедницата: „Поддршката на културата и создавањето богато културно наследство се особено значајни за БиМилк. Соработката со фестивалот Браќа Манаки дојде природно, добра комбинација на две институции кои во средиштето на своето делување го имаат задоволството на своите консументи: љубителите на квалитетни млечни производи и на филмската уметност. Најновото партнерство со Манаки уште еднаш ја потврдува нашата стратешка определба да бидеме одговорна компанија која активно учествува и придонесува во сите значајни општествени случувања и ја поддржува македонската култура и филмска уметност.“

Најголемото изненадување од БиМилк беше појавувањето на неколку култни филмски ликови кои, секој на свој начин, се симбол на филмското платно и ги одбележаа изминатите децении. Под мотото „Филм на улица“ (Movie on the streets), Малена, Матилда, Жената-мачка, Дороти и Холи продефилираа на црвениот килим, предизвикувајќи голем интерес и потсетувајќи ги присутните на легендарните женски ликови одиграни од Моника Белучи во „Малена“, Натали Портман во „Леон: Професионалецот“, Џуди Гарланд во „Волшебникот од Оз“, Одри Хепберн во „Појадок кај Тифани“ и Хали Бери во „Жената-мачка“.

Браќа Манаки

Во текот на фестивалските денови, истите филмски ликови ќе шетаат низ Широк сокак со што, благодарение на БиМилк, ќе го направат 36. издание на фестивалот незаборавно за сите гости и граѓани на Битола.

Анкета

Анкета
Каде планирате да одите на одмор летово?
  • 40%
  • 14%
  • 25%
  • 21%
Се испраќа...

(Вкупно: 9684 гласа)

Цитат

Некои од најдобрите спомени се создадени во апостолки.

Кели Елмор

Виц

Крем со колкав фактор?

- Со 20.

Доволно ќе ви е?

- Ако згрешам, нека изгорам.