Балони, торти и песна: Лила Филиповска го прослави 49-тиот роденден
Почетна » Новости » Шоу-бизнис » Балони, торти и песна: Лила Филиповска го прослави 49-тиот роденден

Балони, торти и песна: Лила Филиповска го прослави 49-тиот роденден

Лила Филиповска со позитивна порака и фотографии објави дека со радост го прослави својот 49. роденден.

Македонската водителка во креација од Елена Лука славеше со блиски во ресторан во Скопје и сподели моменти од забавата.

Лила Филиповска Лила Филиповска Лила Филиповска

Отворам очи сабајлево... и бум... 49 години. Па добро си викам... не се 100. Летаат годиниве, летаат ко минути и така драги луѓе среќна што сум здрава и жива сфаќам колку си ги сакам годините со сѐ што поминало низ нив.

Какви и да се мој си се и не би се вратила ни година наназад. Секоја доба своја убавина и ако бирам меѓу младост и мудрост го бирам второво. Ама што има тука да се бира .... тоа е животот. Ќе уживам и ќе се смеам се дур имам заби и еве вака ќе се качувам по маси да се сликам дур имам вакви нозе.

Краток е животот драги мои затоа да го уживаме максимално, и во лошото да наоѓаме добро, да си го гледаме својот двор, да шириме позитива и љубо , да си помагаме да се сакаме, а сега е најбитно да останеме здрави, живи и безбедни.

И фала Ви на безбројните убави пораки кои ми пристигнуваат на постовите и во пораки ако не стигнам да Ви вратам еве овде ќе го направам тоа и бескрајно БЛАГОДАРАМ за поддршката која толку години ме држи тука околу вас и заедно со Вас...

Ве сака Ваша Лила

Лила Филиповска Лила Филиповска Лила Филиповска Лила Филиповска Лила Филиповска

Анкета

Анкета
Каде планирате да одите на одмор летово?
  • 40%
  • 14%
  • 25%
  • 21%
Се испраќа...

(Вкупно: 9808 гласа)

Цитат

Некои од најдобрите спомени се создадени во апостолки.

Кели Елмор

Виц

Крем со колкав фактор?

- Со 20.

Доволно ќе ви е?

- Ако згрешам, нека изгорам.