Аријана Гранде и бројни музички ѕвезди одржаа емотивен концерт по терористичкиот напад во Манчестер
Почетна » Новости » Шоу-бизнис » Аријана Гранде и бројни музички ѕвезди одржаа емотивен концерт по терористичкиот напад во Манчестер

Аријана Гранде и бројни музички ѕвезди одржаа емотивен концерт по терористичкиот напад во Манчестер

На 22 мај светот го потресе веста за терористичкиот напад во Манчестер арената во Манчестер, непосредно по завршувањето на концертот на Аријана Гранде.

Имено, бомбаш-самоубиец детонирал експлозивна направа во фоајето, поради што животот го загубија 22 лица, меѓу кои и деца, а 119 лица беа повредени.

Вчера, Аријана повторно се врати на сцената во Манчестер и одржа хуманитарен концерт заедно со бројни музички ѕвезди, меѓу кои и Роби Вилијамс, Coldplay, Фарел Вилијамс, Кети Пери, Мајли Сајрус, Џастин Бибер и Black Eyed Peas.

Погледнете ги нивните емотивни настапи:

Аријана Гранде – „Somewhere Over the Rainbow“

Роби Вилијамс – „Angels“

Аријана Гранде со детски хор – „My Everything“

Аријана Гранде и Black Eyed Peas – „Where is the Love?“

Coldplay – „Fix You“

Аријана Гранде – „One Last Time“

Џастин Бибер – „Cold Water“

Кети Пери – „Part of Me“

Аријана Гранде и Мајли Сајрус – „Don’t Dream It’s Over“

Кети Пери – „Roar“

Фарел Вилијамс и Мајли Сајрус – „Happy“

По нападот, 23-годишната пејачка ги одложи останатите концерти од својата европска турнеја и на Twitter напиша: „Скршена сум. Од дното на моето срце, многу, многу ми е жал. Немам зборови“.

На концертот „One Love Manchester“ беа собрани над 2 милиони долари, кои ќе бидат донирани за жртвите во нападот.

Во склоп на својот аутфит, Кети Пери на себе носеше фотографии од сите 22 лица кои ги загубија своите животи во големата трагедија.

Кети Пери Кети Пери Кети Пери

Погледнете и видео од целосниот концерт:

Анкета

Анкета
Сметате ли дека е добра мерката за задолжително носење на заштитна опрема на лицето (маска, шал)?
  • 63%
  • 37%
Се испраќа...

(Вкупно: 5989 гласа)

Цитат

Можеш да ги исечеш сите цвеќиња, но не можеш да ја спречиш пролетта да дојде.

Пабло Неруда

Виц

Се качувам на вага по завршувањето на карантинот.

Вагата покажува: „Ве молам почитувајте социјално дистанцирање. Качувајте се еден по еден!“