Почетна » Новости » Шоу-бизнис » Анџелина Џоли ги покажува тетоважите на грбот во промотивна фотосесија

Анџелина Џоли ги покажува тетоважите на грбот во промотивна фотосесија

Анџелина Џоли сними фотосесија која беше објавена во француското списание Madame Figaro и италијанското издание на Grazia.

На промотивните фотографии снимени за Guerlain, Џоли позира во нежен фустан со разголен грб, во бањарка, но и во елегантна комбинација во француски стил.

Во интервјуто за Madame Figaro, славната актерка зборуваше за љубовта кон Париз. „Во Париз веднаш си охрабрен да се фокусираш на умот, да бидеш поотворен, послободен... Одеднаш се чувствувам поженствено“ - изјавила таа.

Во фокусот на една од фотографиите се големите тетоважи на грбот на Џоли. На горниот дел, таа си има истетовирано будистички благослов за мир, љубов и просперитетен живот, додека во долниот дел – голем тигар. Тетоважите на левата рака ги опишуваат координатите на местата на раѓање на нејзините деца и на нејзиниот поранешен сопруг Бред Пит.

Анџелина Џоли Анџелина Џоли Анџелина Џоли Анџелина Џоли Анџелина Џоли Анџелина Џоли Анџелина Џоли Анџелина Џоли Анџелина Џоли Анџелина Џоли Анџелина Џоли

Анџелина деновиве е во екот на промотивната турнеја за „Maleficent: Mistress of Evil“.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 14%
  • 24%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 27265 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.