Ана Ивановиќ и Бастијан Швајнштајгер беа специјални гости на овогодишното доделување на наградите „Бамби“ во Минхен.
Поранешната српска тенисерка и поранешниот германски фудбалер привлекуваа внимание во елегантни стајлинзи.
36-годишната Србинка изгледаше прекрасно во бел фустан. Својот моден избор таа го надополни со нежен накит и сини обувки на високи потпетици.





Парот се појави на сцената во „Bavaria Studios“ за да ја додели наградата во спортската категорија.






Ана и Бастијан стапија во брак во 2016 година и заедно имаат три мали синчиња.