Почетна » Новости » Шоу-бизнис » Адел потврди дека се омажи со Рич Пол

Адел потврди дека се омажи со Рич Пол

По долги шпекулации дека тајно стапи во брак со Рич Пол, Адел конечно потврдила дека навистина се омажила со спортскиот агент.

35-годишната пејачка била во публиката на шоуто на нејзиниот пријател Ален Кар кога тој прашал дали некој од присутните неодамна стапи во брак, а таа извикала „Јас“.

Адел

Личност, која била присутна на шоуто во Лос Анџелес, за странските медиуми рекла: „Бев во шоуто на Ален Кар, а Адел беше во публиката. Ален ги праша присутните дали некој стапи во брак неодамна, а Адел извика:‘Јас’“.

Друг гостин изјавил: „Кога тој праша дали некој стапи во брак неодамна, таа извика: ‘Јас’. Адел седеше зад мене со пријателка и се забавуваше. Обезбедувањето дојде само за да ѝ донесе нешто за јадење“.

Адел уште повеќе ги засили гласините за брак кога за време на нејзин концерт во Лас Вегас го нарече Рич нејзин „сопруг“. Тој, исто така, не ја негираше оваа информација.

Адел

Запрашан дали треба да ја нарекуваат Адел „госпоѓа Пол“, тој одговорил:

„Можете да кажете што сакате. Не сум личност која го изложува приватниот живот. Тоа не е за медиумите“.

Адел

Адел и Рич за првпат се појавија заедно во јавност во јули 2021 година. Таа е мајка на 10-годишно момче од бракот со Сајмон Конеки, од кого поднесе документи за развод во септември 2019 година.

Адел

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 18184 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.