9 месеци лажела дека е бремена, се обидела да киднапира новороденче
Почетна » Новости » Чуден свет » 9 месеци лажела дека е бремена, се обидела да киднапира новороденче

9 месеци лажела дека е бремена, се обидела да киднапира новороденче

Жена од Нов Зеланд пренесе во реалноста апсурдно клише од шпанските серии – 9 месеци го лажела својот партнер дека е бремена, а потоа се обидела да киднапира новороденче од болница.

Неха Нарајан минатата среда киднапирала бебе старо само два дена од породилно одделение, но била спречена да избега на паркингот на болницата.

Лажна бременост

Бизарниот план на 24-годишната девојка започнал девет месеци порано, кога таа започнала да глуми дека е бремена. Според информациите од полицијата, таа убедливо го излажала својот партнер дека очекува негово дете.

Изминатава среда Нарајан му рекла на својот партнер дека веќе бил поминат одредениот термин за породување и дека треба да ја однесе на болница за да има индуцирано породување. Не се знае зошто, но партнерот ја оставил во болницата и заминал.

Сомнителното однесување на Нарајан било забележано од медицинските сестри во болницата. „Таа патролираше низ породилното одделение“ – изјавила портпаролката на болницата.

Нарајан двапати се обидела на украде бебе. Првиот пат додека држела едно од бебињата ја здогледале родителите на бебето, но таа им рекла дека само го смирува бебето затоа што плачело.

Вториот пат таа зела бебе старо два дена и се обидела да го киднапира. „Медицинска сестра ја следеше додолу и надвор од зградата каде што партнерот на Нарајан ја чекаше во автомобил“ – изјавила портпаролката.

Родителите на малото бебенце исто така ја виделе Нарајан и ги известиле одговорните во болницата. Нарајан не успала да избега, а подоцна била уапсена и обвинета за киднапирање на млада личност.

Анкета

Анкета
Каде планирате да одите на одмор летово?
  • 41%
  • 14%
  • 26%
  • 20%
Се испраќа...

(Вкупно: 6151 гласа)

Цитат

Некои од најдобрите спомени се создадени во апостолки.

Кели Елмор

Виц

Крем со колкав фактор?

- Со 20.

Доволно ќе ви е?

- Ако згрешам, нека изгорам.