Французинка стапи во брак со свршеникот кој е мртов две години
Почетна » Новости » Чуден свет » Французинка стапи во брак со свршеникот кој е мртов две години

Французинка стапи во брак со свршеникот кој е мртов две години

Карен Жуму се омажи за љубовта на својот живот, две години откако тој загина во сообраќајна несреќа.

22-годишната Французинка доби специјална дозвола од претседателот Никола Саркози за да може да се венча со починатиот Ентони Мајо. Според нејасен и не толку познат закон во Франција, секој може да стапи во брак со починато лице ако докаже дека подготовките за свадбата започнале пред неговата смрт.

Карен, нејзиниот син и нејзиниот кумКарен, нејзиниот син и нејзиниот кум

Карен и Ентони се свршиле во 2007г. и добиле син во 2009г., кратко време пред Ентони да загине на возраст од 20 години.

Церемонијата се одржала во источна Франција, а на неа присуствувале блиски пријатели и роднини на Карен, како и нејзиниот мал син.

„Тој беше мојата прва и единствена љубов, ние бевме заедно четири години. Очекувавме дека заедно ќе го израснеме нашиот син. Никогаш не сакав ова да го правам сама, но судбината одлучи поинаку. Сега сум негова сопруга и секогаш ќе го сакам“ – изјавила таа.

Карен и ЕнтониКарен и Ентони

Француските правни експерти велат дека ако некогаш Карен запознае друг маж и сака повторно да се омажи, ќе мора прво да се разведе.

Ова не е прв пат во Франција да има ваков тип свадба. Французинката Кристел Демишел пред неколку години се омажи со своето мртво момче, поранешен полицаец кој бил убиен од пијан возач во септември 2002г.

Анкета

Анкета
Каде планирате да одите на одмор летово?
  • 38%
  • 17%
  • 25%
  • 20%
Се испраќа...

(Вкупно: 3349 гласа)

Цитат

Можеш да ги исечеш сите цвеќиња, но не можеш да ја спречиш пролетта да дојде.

Пабло Неруда

Виц

Се качувам на вага по завршувањето на карантинот.

Вагата покажува: „Ве молам почитувајте социјално дистанцирање. Качувајте се еден по еден!“