ФОТО: Најсмрдливиот човек на светот? Индиец се нема искапено 37 години
Почетна » Новости » Чуден свет » ФОТО: Најсмрдливиот човек на светот? Индиец се нема искапено 37 години

ФОТО: Најсмрдливиот човек на светот? Индиец се нема искапено 37 години

Повеќето луѓе со душа го чекаат оној момент од денот кога ќе влезат под туш за да почувствуваат освежување, но Каилаш Синг не би влегол под туш за ништо на светот, освен... ако не му се роди син.

65-годишниот Индиец не се има искапено, ниту потстрижено веќе 37 години, односно од далечната 1974 година, кратко време по неговата свадба.

Каилаш со сопругатаКаилаш со сопругата КаилашКаилаш

Каилаш тврди дека не се капе затоа што свештеник му рекол дека гарантирано ќе добие син наследник ако ги следи неговите совети. Но, за несреќа на неговото семејство кое мора секојдневно да се судира со неподносливата миризба, Каилаш има седум ќерки, но не и син.

„Неколку пати се обидовме да го принудиме да се искапе. Тој вели дека побрзо би умрел отколку да се искапи и дека единственото нешто што може да го предомисли е син. Поминаа многу години и веќе се навикнавме“ – изјавила неговата 60-годишна сопруга Калавати Деви и признала дека еднаш со семејството се обиделе да го турнат Каилаш во поток, но тој успеал да им избега.

Каилаш со семејствотоКаилаш со семејството

Калавати дури и му се заканила дека нема повеќе да спие со него ако не се искапе, но ниту тоа не го убедило Каилаш да влезе во вода, па на крајот таа попуштила и продолжила да ги исполнува обврските на сопруга.

Каилаш секој ден се грижи за крави на температури кои достигнуваат до 47°C, а единствено си ги мие устата и рацете, а навечер се „чисти“ со огнена бања, која вклучува пушење марихуана, молење и танцување околу оган.

Каилаш и неговата „огнена бања“Каилаш и неговата „огнена бања“

„Децата викаат и ме исмејуваат дека не се капам кога поминувам со велосипедот низ селото. Има многу луѓе со лош карактер кои ме исмејуваат поради тоа што не се капам. Тие не ја разбираат мојата одлука, но јас нема да се премислам, затоа што тоа е избор на Бог, а не мој“ – изјавил Каилаш.

„Јас немам син, па никогаш нема да се измијам. Можеби ќе се измијам кога ќе се родам повторно“ – дополнил упорниот Индиец.

Што сè некои луѓе не би направиле за да имаат син...

Анкета

Анкета
Дали редовно си правите самопреглед на дојките?
  • 26%
  • 74%
Се испраќа...

(Вкупно: 3977 гласа)

Цитат

Не патуваме за да избегаме од животот, туку за животот да не ни избега нам.

Анонимен

Виц

Мажите со брада во 1819 година:

- Ќе ја убијам оваа мечка со голи раце!!!

Мажите со брада во 2019 година:

- Органски ли е овој крем за раце?