ФОТО: Жената со најмногу пирсови на светот се омажи
Почетна » Новости » Чуден свет » ФОТО: Жената со најмногу пирсови на светот се омажи

ФОТО: Жената со најмногу пирсови на светот се омажи

Најпирсираната жена на планетата стапи во брак со маж кој нема ниту една обетка на своето тело.

Бразилката Илејн Дејвидсон, која има точно 6925 пирса на своето тело и лице, се омажи со Даглас Ватсон на мала церемонија во Единбург.

ИлејнИлејн Дејвидсон на свадбената церемонија

46-годишната Бразилка не личеше ни приближно на типичната невеста, со оглед на тоа што нејзиното лице беше прекриено со боја и 192 пирса, а на главата носеше и смешна декорација со пеперутка и розови цвеќиња.

Илејн и ДагласДаглас и Илејн

За разлика од неа, изгледот на младоженецот беше многу конзервативен. „Илејн изгледаше прекрасно“ – изјавил тој по завршувањето на 35-минутната церемонија.

„Луѓето ги гледаат пирсовите, но јас под нив гледам неверојатна личност. Секогаш се воодушевувам од ефектот што нејзините пирсови го имаат врз луѓето. Таа е неверојатна жена“ – дополнил тој.

Илејн и Даглас

„Ако Даглас не сакаше тетоважи и пирсови, тогаш тој немаше да биде вистинскиот за мене. Се чувствувам среќна“ – рекла Илејн.

ИлејнИлејн за спиење не вади ниту еден пирс

Илејн за првпат влезе во Гинис во 2000 година, кога имала 462 пирса, од кои 192 на лицето. Денес таа има скоро 7000 пирса кои тежат околу 3 килограми.

Анкета

Анкета
Дали редовно си правите самопреглед на дојките?
  • 26%
  • 74%
Се испраќа...

(Вкупно: 3977 гласа)

Цитат

Не патуваме за да избегаме од животот, туку за животот да не ни избега нам.

Анонимен

Виц

Мажите со брада во 1819 година:

- Ќе ја убијам оваа мечка со голи раце!!!

Мажите со брада во 2019 година:

- Органски ли е овој крем за раце?