Си ја избричила главата и ги лажела пријателите дека има неизлечив рак за да ѝ ја платат свадбата, па заврши во затвор
Почетна » Новости » Чуден свет » Си ја избричила главата и ги лажела пријателите дека има неизлечив рак за да ѝ ја платат свадбата, па заврши во затвор

Си ја избричила главата и ги лажела пријателите дека има неизлечив рак за да ѝ ја платат свадбата, па заврши во затвор

Безмилосна манипулаторка ги убедила пријателите дека умира од рак за да ѝ ја платат свадбата, а дел од донираните пари ги искористила за меден месец и патување низ Европа.

Тони Стендин им рекла на блиски пријателки дека ѝ преостануваат уште само 2 месеци живот. Редовно ги известувала за борбата со измислената болест и дури и си ја избричила главата за никој да не се посомнева во ужасната лага.

Тони Стендин Тони Стендин

Додека бесрамно им се „исповедувала“ за мачната здравствена битка, таа им рекла дека единствено посакува татко ѝ, кој навистина умирал од рак, да ја однесе до олтарот на свадбениот ден.

Убедени дека Тони е на крајот на животот, нејзините пријатели отвориле сметка за донации и собрале 8.500 фунти за таа и нејзиниот партнер Џејмс да ја организираат свадбата која ја посакувале.

Таткото на Тони не ја дочекал свадбата, но прославата се одржала според планот. По венчавката, младенците заминале на меден месец во Турција, а подоцна и на патување низ Европа.

Тони Стендин Тони Стендин Тони Стендин

Хуманите пријателки дознале дека се измамени по свадбата. Тони телефонски им признала дека лажела, а разговорот бил снимен и послужил за докажување на вината пред суд.

29-годишната Англичанка го признала делото, добила 5-месечна затворска казна и наредба да врати 2.000 фунти кои ѝ ги донирал локален бизнисмен.

BBC известува дека судијата Николас Сандерс со прекорувачки тон ѝ се обратил на измамничката. „Ги искористи парите собрани од дарежливост за свадба и одмор. Продолжи да земаш пари во текот на многу месеци. Секој граѓанин со здрав разум би бил згрозен од твоето однесување“ – рекол тој.

Тони Стендин Тони Стендин

Анкета

Анкета
Кога би можеле да изберете со која вакцина за заштита од КОВИД-19 да се вакцинирате, дали тоа би влијаело на вашата одлука за имунизација?
  • 36%
  • 11%
  • 53%
Се испраќа...

(Вкупно: 6785 гласа)

Цитат

Животот секогаш ти нуди втора шанса. Таа се нарекува УТРЕ.

Дилан Томас

Виц

Женскиот проблем „немам што да облечам“ е во изумирање во време на пандемија.

Сега се појави „имам што да облечам, но нема каде да го носам“.