Потрошил над 700.000 долари на гатачка за да ја освои жената која ја сакал
Почетна » Новости » Чуден свет » Потрошил над 700.000 долари на гатачка за да ја освои жената која ја сакал

Потрошил над 700.000 долари на гатачка за да ја освои жената која ја сакал

Заљубен маж од Бруклин потрошил цело богатство на гатачка за да ја добие жената која ја сакал. 32-годишниот Американец на потешкиот пат научил до каде може да оди човековата лудост.

Реалната сторија беше објавена од „The New York Times“ откако гатачката Присила Делмаро беше уапсена од полицијата и заврши зад решетки.

Гатачка

Се започнало во летото 2013 година. Неименуваниот маж имал успешна кариера во сферата на маркетингот кога запознал жена по име Мишел во која веднаш се вљубил. За жал, таа не ги споделувала неговите чувства.

Во момент на очај, тој решил да побара помош од гатачка за да ја освои својата сакана. Гатачката Делмаро му рекла дека тој и Мишел се „пламени-близнаци“, но дека наводно негативноста ги раздвојува. За да му „помогне“, Присила побарала 2.500, а на втората средба цената скокнала за дополнителни 9.000 долари.

Еден месец подоцна, кога Делмаро увидела дека може да влече од својот клиент поголеми суми, таа му рекла дека ѝ е потребен дијамант за да ја заштити неговата енергија. 32-годишниот маж без двоумење купил дијамантски прстен, со кој подоцна планирал да ја побара за жена саканата Мишел.

Кога гатачката му рекла дека е време за средба, мажот не губел ниту минута и отпатувал кај Мишел во Лос Анџелес. Кога се сретнале, се договориле да се видат и вечерта, но Мишел откажала.

И за тоа разочарување гатачката имала објаснување. Таа му рекла дека проблемите доаѓаат од дух кој го следел, но за да го „спаси“ двапати му побарала по 28.000 долари. Еден месец подоцна, алчната Делмаро предложила да организираат лажен погреб за да го натераат духот да поверува дека мажот е мртов. Тука заминале уште 40.000 долари.

Кога погребот не успеал, гатачката побарала временска машина за да го исчисти неговото минато. Тоа дошло во форма на Ролекс од 30.000 долари. Но, за да се избркал целосно духот и да останел заробен во другиот свет, бил потребен и мост. 80.000 долари биле доволни за мост од 130 километри.

Делмано само за 3 месеци извлекла од својот клиент повеќе од 320.000 долари, но ветила дека ќе врати најголем дел од нив откако ќе си ја заврши работата.

Духот поминувал бавно по мостот, но Делмано рекла дека треба уште еден мост за да премине и духот на Мишел.

Во судските документи мажот пишува: „Си помислив: Посекако парите само ми стојат на банка“. Тогаш тој платил 90.000 долари.

За ситуацијата да биде уште потрагична, Мишел починала од предозирање со дрога во февруари 2014 година.

Но, тоа не бил крајот на лагите на гатачката. Таа ветила дека ќе ја реинкарнира Мишел во тело на 31-годишна жена. Следувале нови барања, а очајниот маж ја потрошил цела своја заштеда, го изгубил станот, ја продал колата и позајмил големи суми од пријатели и роднини.

„Новата Мишел е во Лос Анџелес, оди најди ја“ – му рекла Делмаро по месеци „работа“.

Средбата со „новата Мишел“ била пресудна за банкротираниот маж да се свести дека е измамен. Станувало збор за 24-годишна жена во која немало ништо од Мишел.

Гатачката Делмаро и нејзиниот партнер биле уапсени откако прелажениот маж ги пријавил в полиција. Во мај годинава, тие добиле и затворска казна.

Според извештаите, заљубениот маж „фрлил“ на гатачка точно 713.975 долари.

Гатачката ДелмароГатачката Присила Делмаро

Анкета

Анкета
Каков е вашиот став за вакцина против КОВИД-19?
  • 14%
  • 22%
  • 65%
Се испраќа...

(Вкупно: 4937 гласа)

Цитат

Некои од најдобрите спомени се создадени во апостолки.

Кели Елмор

Виц

Крем со колкав фактор?

- Со 20.

Доволно ќе ви е?

- Ако згрешам, нека изгорам.