Најдебелата мајка на светот: „Ме храни 4-годишната ќерка“
Почетна » Новости » Чуден свет » Најдебелата мајка на светот: „Ме храни 4-годишната ќерка“

Најдебелата мајка на светот: „Ме храни 4-годишната ќерка“

Дона Симпсон уште еднаш го шокира светот. Жената којашто го држи рекордот за најдебела мајка на светот, призна дека нејзиниот партнер ја напуштил и дека сега храната ја добива благодарение на својата 4-годишна ќерка.

44-годишната Американка, која има за цел да стане најдебелата жена на светот, се разделила со својот долгогодишен партнер, па во купувањето и подготвувањето на храната ѝ помага малата Жаклин.

Жаклин и ДонаЖаклин и Дона

„Таа ми помага во готвењето и доаѓа за пазарување. Јас користам скутер за да се движам наоколу, а таа трча напред за да ми ја донесе омилената храна“ – изјавила Дона за британското списание Closer.

Дона во моментов тежи 317 килограми и секојдневно консумира повеќе од 15 000 калории за да може уште повеќе да ја зголемува тежината. Многу експерти јавно изразија загрижување што малото девојче расте во ваква средина, каде што мајката се обидува да се здебели и покрај фактот што тоа може да има фатални последици.

Но, Дона не е многу загрижена за таквите мислења и смета дека не е лош пример за својата ќерка. „Секој што вели дека сум лош пример, треба да си ја затне устата – тие не знаат колку многу ја сакам. Таа е мојот ангел“ – рекла Дона.

„Да не беше таа да ме храни, сигурно ќе се откажев од мојот голем сон“ – објаснила „амбициозната“ мајка која се обидува да достигне тежина од 457 килограми.

Исто така, Дона признала дека бара маж за да ја храни со цел да ѝ го намали големиот товар на малата Жаклин. Но, има и свои барања за новиот „хранач“. „Тој мора да биде згоден, слаб и барем 10 години помлад од мене“ – рекла таа.

Се прашувате од каде Дона пронаоѓа пари за да се прехрани? Онлајн! Луѓе ѝ плаќаат за да ја гледаат додека јаде. Со нејзината „работа“ таа успева да заработи повеќе од 67 000 евра годишно.

Дона веќе го држи светскиот рекорд за најдебела мајка. Таа во присуство на тим од 30 медицински лица во 2007г. ја родила Жаклин. Тогаш нејзината тежина изнесувала 241 килограм. Таа буквално го ризикува својот живот за да ја добие титулата Најдебела жена на светот.

Анкета

Анкета
Дали редовно си правите самопреглед на дојките?
  • 26%
  • 74%
Се испраќа...

(Вкупно: 4086 гласа)

Цитат

Не патуваме за да избегаме од животот, туку за животот да не ни избега нам.

Анонимен

Виц

Мажите со брада во 1819 година:

- Ќе ја убијам оваа мечка со голи раце!!!

Мажите со брада во 2019 година:

- Органски ли е овој крем за раце?