Монструозно: Мајка од Србија се породила дома и го фрлила бебенцето во контејнер
Почетна » Новости » Чуден свет » Монструозно: Мајка од Србија се породила дома и го фрлила бебенцето во контејнер

Монструозно: Мајка од Србија се породила дома и го фрлила бебенцето во контејнер

Монструозната постапка на мајка од Белград ја разгневи балканската јавност.

33-годишната М.Г. се породила сама во својот стан, а потоа го ставила новороденчето во кеса и го фрлила во контејнерот пред зградата во која живеела.

За среќа, жител на истата зграда чул необичен звук додека минувал покрај контејнерот и го спасил бебенцето од сигурна смрт. Пензионерот Слободан Цветковиќ за Blic.rs раскажал: „Во првиот миг, си помислив дека некоја мачка има паднато во контејнерот. Започнав да го поместувам ѓубрето за да ја пронајдам и да ја ослободам, а тогаш видов затворена кеса од која се слушаше тој звук. Ја отворив и го здогледав бебето, тукушто родено, беше уште крваво.“

Србија

Полицијата и брзата помош пристигнале многу брзо и бебенцето било сместено во детска клиника.

Српските медиуми извествуваат дека мајката била уапсена истиот ден и признала сè. За кривичното дело убиство на дете, во Србија казната е од 10 до 40 години, но бидејќи станува збор за обид за убиство, веројатно мајката нема да добие највисока казна.

Анкета

Анкета
Каде ќе одите/бевте на одмор ова лето?
  • 25%
  • 6%
  • 6%
  • 7%
  • 3%
  • 3%
  • 12%
  • 12%
  • 26%
Се испраќа...

(Вкупно: 9512 гласа)

Цитат

Не патуваме за да избегаме од животот, туку за животот да не ни избега нам.

Анонимен

Виц

Мажите со брада во 1819 година:

- Ќе ја убијам оваа мечка со голи раце!!!

Мажите со брада во 2019 година:

- Органски ли е овој крем за раце?