Мајка ја депилира и и става ботокс на својата 8-годишна ќерка
Почетна » Новости » Чуден свет » Мајка ја депилира и и става ботокс на својата 8-годишна ќерка

Мајка ја депилира и и става ботокс на својата 8-годишна ќерка

Британката Кери Кембел ја шокира јавноста со признанието дека ѝ става ботокс на својата 8-годишна ќерка и ја носи на комплетна депилација за да престанат да ѝ растат влакна пред да влезе во пубертет.

Таа ги купува супстанциите онлајн и еднаш на три месеци ѝ става ботокс инјекции на својата ќерка. 34-годишната козметичарка го прави сето ова за нејзината ќерка Бритни да стане суперѕвезда кога ќе порасне.

Кери со својата ќерка БритниКери со својата ќерка Бритни

„Ова што го правам за Бритни сега, ќе ѝ помогне да стане ѕвезда. Знам дека еден ден таа ќе биде модел, актерка или пејачка и тоа што ги прави овие третмани сега, ќе ѝ овозможи да остане млада подолго време“ – изјавила „амбициозната“ мајка.

„Сигурна сум дека луѓето што ќе го читаат ова ќе си мислат дека сум неодговорна, но ве уверувам дека прво на мене го тестирам ботоксот што го купувам онлајн.“

„Сè што сакам за Бритни е да има подобар старт во животот за да биде полесно за неа да стане суперѕвезда. Повеќе мајки треба да го прават тоа за своите ќерки“ – изјавила Кери, која се гордее што нејзината ќерка е меѓу најмладите деца кои користат ботокс.

„Се гордеам што Бритни ги добива сите овие третмани за убавина на толку млада возраст. Посакувам и јас да ја имав истата можност кога бев помлада. Таа е среќно мало девојче и ќе стане славна поради тоа што ѝ го давам толку рано во животот“ – дополнила мајката.

Кери ѝ става ботокс на БритниКери ѝ става ботокс на Бритни БритниБритни

Кери за прв пат ѝ ставила ботокс на Бритни во мај минатата година како подарок за нејзиниот 8-ми роденден. Во изминатата година малото девојче добило инјекции 4 пати.

„Ја терам да се намурти пред да ѝ ставам ботокс за да видам каде има потенцијал да се појави брчка. Тоа значи дека можеме да дејствуваме уште пред да се појави“ – раскажала Кери.

Што е уште полошо, самата Бритни веќе е опседната со ботокс, а веќе има и одлучено какви пластични операции сака да си направи.

„Моите пријатели мислат дека е кул што ги добивам сите овие третмани и сакаат да бидат како мене. Секоја вечер проверувам дали имам брчки и кога ќе видам дека имам, сакам уште инјекции. Порано ме болеше повеќе, но сега не плачам толку. Исто така, сакам операција на градите и носот за да бидам ѕвезда“ – изјавила Бритни за британскиот весник The Sun.

Таткото на Бритни починал пред 4 години, па сега Кери живее во Сан Франциско каде ја носи Бритни на натпревари за убавина за деца. Кери тврди дека на тие натпревари родителите редовно зборуваат за тоа дека им ставаат ботокс на нивните деца. „Сите го прават и зборуваат за тоа. Не правиме ништо нелегално и не сакам мојата ќерка да е единствената којашто не добива дополнителна помош“ – објаснила самохраната мајка.

Покрај ботоксот, Кери ја носи Бритни на депилација со цел да нема влакна кога ќе порасне.

„Секој месец ја носам на „девствена депилација“ која ги отстранува влакненцата на нејзините нозе и со која се осигуруваме дека нема да има срамни влакна во иднина“ – изјавила Кери.

Малата Бритни воопшто не се противи на тоа и дури изјавила дека ѝ се допаѓа што оди на депилација. „Се чувствувам како супермодел и ако треба да одам на балет или да пливам, не треба да се грижам за влакнести нозе. Иако плачам поради болката, кога сè ќе заврши се чувствувам како кул возрасна личност“ – објаснила Бритни.

Но, ова не е крај за козметичките третмани за Бритни. Кери планира оваа година да ѝ ги издепилира веѓите на својата ќерка, а во иднина сака да ѝ ги истетовира во форма на лак и да ѝ истетовира тенка розова линија околу усните.

„Кога ќе стане суперѕвезда и ќе заработува милиони, таа ќе биде благодарна за тоа што го правам сега“ – гордо изјавила Кери.

Анкета

Анкета
Дали редовно си правите самопреглед на дојките?
  • 73%
  • 27%
Се испраќа...

(Вкупно: 19905 гласа)

Цитат

Не патуваме за да избегаме од животот, туку за животот да не ни избега нам.

Анонимен

Виц

Мажите со брада во 1819 година:

- Ќе ја убијам оваа мечка со голи раце!!!

Мажите со брада во 2019 година:

- Органски ли е овој крем за раце?