Мајка од Кина го разбесни светот откако ја удри со клоца 3-годишната ќерка зашто не позирала додека работела како модел
Почетна » Новости » Чуден свет » Мајка од Кина го разбесни светот откако ја удри со клоца 3-годишната ќерка зашто не позирала додека работела како модел

Мајка од Кина го разбесни светот откако ја удри со клоца 3-годишната ќерка зашто не позирала додека работела како модел

Снимка од Кина на која жена удира со клоца мало девојче забрзано се шири на интернет и поттикнува остри реaкции. Станува збор за 3-годишно девојче кое беше удрено од својата мајка, зашто наводно не позирало правилно додека работело како модел.

Видео

Според кинеските медиуми, девојчето било уморно од напорните фотосесии, но нејзината мајка го форсирала бескомпромисно.

Видеото разбирливо наиде на многу негативни коментари, по што мајката упати извинување. „Немав намера да ја повредам или злоупотребам. Мојата ќерка добива најдобра нега и љубов. Ви благодарам за разбирањето“ – напиша таа на социјалната мрежа Weibo.

Мајка и ќерка

За кинеските медиуми, мајката изјавила дека девојчето чекорело напред наместо да позира, а веќе станувало мрачно и била под стрес кога го удрила. „Ниту еден родител не може да каже дека никогаш не ставил прст на своето дете. Јас ретко го удирам моето“ – рекла таа.

Малата Ниу Ниу веќе шест месеци работела како модел. Во Кина бројни компании бараат слатки дечиња за да ги рекламираат алиштата. Искусен детски модел заработува по околу 10-20 долари за секој аутфит.

Мајка и ќерка Мајка и ќерка

Многумина го изразија својот револт што децата се користат како алатки за заработка.

Анкета

Анкета
Каде ќе одите/бевте на одмор ова лето?
  • 25%
  • 6%
  • 6%
  • 7%
  • 3%
  • 3%
  • 12%
  • 12%
  • 26%
Се испраќа...

(Вкупно: 9507 гласа)

Цитат

Не патуваме за да избегаме од животот, туку за животот да не ни избега нам.

Анонимен

Виц

Мажите со брада во 1819 година:

- Ќе ја убијам оваа мечка со голи раце!!!

Мажите со брада во 2019 година:

- Органски ли е овој крем за раце?