Мајка и подари ваучер за силиконски гради на 7-годишната ќерка
Почетна » Новости » Чуден свет » Мајка и подари ваучер за силиконски гради на 7-годишната ќерка

Мајка и подари ваучер за силиконски гради на 7-годишната ќерка

Сара Бурџ не престанува да ја шокира јавноста. Откако се прослави со прекарот „Вистинска човечка барбика“ затоа што има потрошено 560 000 евра за пластични операции, откако ја згрози јавноста со инјектирањето ботокс во лицето на својата 15-годишна поќерка и откако ги наполни весниците со скандалозната вест дека ја учи својата 6-годишна ќерка да игра на шипка, 50-годишната „пластична“ мајка повторно се најде на мета на критичарите.

Овој пат таа се пофалила дека за 7-миот роденден, на својата ќерка Попи ѝ подарила ваучер за пластична операција за зголемување на градите.

Попи и СараПопи и Сара

„Попи ме молеше за операција на градите, па јас ѝ дадов ваучер за да може да си направи кога ќе наполни 16 години, кога е легално да го направи тоа. Ако природно има големи гради, тогаш може да си направи нешто друго“ – изјавила мајката којашто има амбиции малата Попи да стане гламурозен модел.

Ваучерот со вредност од 6700 евра бил дел од забавата за разубавување по повод роденденот на Попи.

ПопиПопи со својот ваучер за зголемување на градите

Забавата била во розов автобус во којшто Попи и 7 нејзини пријателки си направиле редица третмани, како маникир, педикир и ставање на лажни тетоважи. Малите девојчиња пиеле лажно шампањско и јадете дизајнерска торта од 280 евра.

Славеничката за забавата носела фустан од 340 евра, а имала и ставено надградба на коса и вештачки трепки.

Но, тоа не е сè. Сара ѝ купила на својата ќерка и компјутер од 280 евра, прстен со розови Swarovski кристали од 500 евра и одмор во спа центар од 4500 евра.

„Сакав нов компјутер, одмор и ваучер за операција. Кога добив сè, тоа беше како остварување на моите соништа. Сите мои пријателки беа љубоморни. Едвај чекам да бидам како мама со големи гради. Многу се убави“ – изјавила Попи за списанието Closer.

ПопиПопи во розовиот автобус за нејзиниот роденден

А како оваа мајка може да си дозволи вакви луксузни подароци? Таа организира забави за свингери и пластични операции и пишува еротски новели.

Наскоро Сара ќе наполни 51 година и планира да го прослави роденденот со пластични операции на задникот, липосукција и фејслифтинг во вредност од 57 000 евра. И што е најлошо, планира сите операции Попи да ги гледа на видео.

„Сакам Попи да види сè што ќе се случи. Некои луѓе мислат дека тоа е контроверзно. Станувам бесна кога непознати велат дека сум лоша мајка затоа што не мислам дека е лошо да ѝ го дадам овој подарок.“

„Девојчињата повеќе не ги сакаат Снежана и Пепелашка. Тие сакаат да бидат WAGs (израз со кој во Велика Британија се именуваат девојките и сопругите на фудбалерите) и да бидат славни како Шерил Кол и Лејди Гага. Јас само ја поддржувам неа и ѝ ги остварувам нејзините соништа“ – раскажала скандалозната Британка.

Сара има уште две ќерки – едната има 25 години, а другата 17. И двете користат ботокс.

Анкета

Анкета
Дали редовно си правите самопреглед на дојките?
  • 26%
  • 74%
Се испраќа...

(Вкупно: 4115 гласа)

Цитат

Не патуваме за да избегаме од животот, туку за животот да не ни избега нам.

Анонимен

Виц

Мажите со брада во 1819 година:

- Ќе ја убијам оваа мечка со голи раце!!!

Мажите со брада во 2019 година:

- Органски ли е овој крем за раце?