Контроверзната мајка на 14 деца го достигна дното – стана и стриптизерка
Почетна » Новости » Чуден свет » Контроверзната мајка на 14 деца го достигна дното – стана и стриптизерка

Контроверзната мајка на 14 деца го достигна дното – стана и стриптизерка

Надја Сулеман, којашто се прослави во 2009 година кога роди осум бебиња зачнати со ин-витро, го достигна дното. За да може да ги плати големите сметки за издржување на своите 14 деца, таа неодамна сними соло порно филм, а сега стана и стриптизерка.

37-годишната Американка за 5.000 долари танцувала во стриптиз клуб во Флорида, облечена како провокативна ученичка и во црн доминатрикс костим.

Надја Надја Надја

400 гости го гледале шоуто на Надја, а некои и плаќале по 25 долари за да се фотографираат со неа и да купат маица за спомен од вечерта.

Надја Надја

Контроверзната мајка пред три години беше остро критикувана и дури добиваше закани по живот бидејќи започна ин-витро процедура за забременување иако веќе беше невработена самохрана мајка на шест деца.

Досега таа ги издржуваше своите деца со парите добиени од интервјуа и емисии за нејзиниот живот, но неодамна банкротира и започна да презема поекстремни мерки.

Надја сите 14 деца ги има родено со ин-витро и благодарение на донор на сперма. Првпат се обидела да остане бремена со вештачко оплодување во 1997 година, кога имала само 21 година. Првото дете го родила во 2001 година, синот Елаја. Веќе наредната година ја родила и првата ќерка. Но, тоа не ја запрело.

Последната нејзина бременост ја разбранува светската јавност. Медицинската истрага откри дека докторот на Сулеман употребил 12 ембриони, што е далеку над препорачаното и поради тоа минатата година му беше одземена дозволата за работа.

НадјаНадја кога беше бремена со осумте деца

Откако во јануари 2009 година роди осум деца, Сулеман се најде сред бура од незадоволство на американската јавност.

Денес таа не крие дека има големи финансиски проблеми и дека поради тоа снимила и порно филм.

Најголем дел од луѓето кои го следат нејзиниот живот се згрозени од ваквите постапки и сметаат дека таа е навистина лош пример за нејзините 14 деца.

Надја со децата

Анкета

Анкета
Дали редовно си правите самопреглед на дојките?
  • 25%
  • 75%
Се испраќа...

(Вкупно: 565 гласа)

Цитат

Не патуваме за да избегаме од животот, туку за животот да не ни избега нам.

Анонимен

Виц

Мажите со брада во 1819 година:

- Ќе ја убијам оваа мечка со голи раце!!!

Мажите со брада во 2019 година:

- Органски ли е овој крем за раце?