Во бременоста испушила 3500 цигари и вели дека тоа било добро за бебето
Почетна » Новости » Чуден свет » Во бременоста испушила 3500 цигари и вели дека тоа било добро за бебето

Во бременоста испушила 3500 цигари и вели дека тоа било добро за бебето

Пушењето во текот на бременоста е штетно. Тоа e факт што некои мајки решаваат да го игнорираат. Но, Чарли Вилкокс е млада мајка која не само што не верува дека пушењето во текот не бременоста е штетно, туку и упорно тврди дека тоа ѝ го подобрило здравјето на нејзината ќеркичка.

20-годишната Англичанка верува дека недоволното количество кислород кое го имаше нејзината ќерка во утробата, предизвикало нејзиното срце повеќе да работи и со тоа станало посилно.

Чарли со ќеркичката ЛилиЧарли со ќеркичката Лили

Чарли своите видувања за пушењето во текот на бременоста ги искажала во телевизиската емисија „Misbehaving Mums To Be“, којашто се емитува на BBC.

Во еден типичен ден кога бев бремена пушев цигара на секои 45 минути, особено наутро. Палев цигара со секоја чаша чај што ја пиев. Во просек пушев минимум по 20 цигари дневно.

Обожавам да пушам. Убавото е што имаш нешто да правиш. Виткаш цигара. Пушиш цигара. Гледаш телевизија. Пушиш уште една цигара. Постојано правиш нешто, па тоа е еден вид хоби.

За време на бременоста, мислев дека ако пушам многу и ако му се скратува кислородот на бебето, тогаш тоа сигурно би ја принудило да го користи своето срце и мускулите кои би ги користела кога ќе излезе. Не велам дека пушењето е добро за вашето бебе. Но, ако ги откажеш цигарите наеднаш, веројатно ќе го ставиш бебето под поголем стрес којшто би можел да му наштети уште повеќе.

Не бев подготвена да се откажам од цигарите. Сметам дека ако ги откажев веднаш, стресот ќе беше многу поштетен за бебето.

Чувствував како клоца секој ден и на прегледите гледав дека е здрава и дека расте. Успеав да ги намалам до 5 цигари дневно од шестиот месец до породувањето. - изјавила Чарли.

ЧарлиЧарли бремена со цигара во раката ЧарлиЧарли по породувањето

Тестовите покажале дека нивото на јаглерод моноксид кај Чарли било 6 пати повисоко од она што се смета за безбедно. Специјалистот Лиса Фендал уште тогаш ја предупредила Чарли со зборовите: „Твоето бебе се бори за кислород и вика: Помогни ми“.

Малата Лили се родила 10 дена предвреме и тежела 2,7 килограми, што е за 600 грама помалку од просечната тежина на новородено девојче во Британија.

Чарли сè уште смета дека не направила грешка што не ги откажала цигарите. Таа дури и тврди дека нејзина пријателка доживеала спонтан абортус затоа што ги откажала цигарите во бременоста.

„Моја пријателка ги откажа цигарите и доживеа спонтан абортус во деветтата недела, на истиот ден кога јас ја родив Лили. Јас и моите пријатели сметаме дека тоа се случи затоа што таа ги откажа цигарите. Виновно е нејзиното момче кое ѝ викаше за секоја запалена цигара и ѝ забрануваше да пуши“ – објаснила таа.

Чарли пуши од 16-годишна возраст. Нејзината мајка Сем тврди дека цигарите што тие сами си ги виткаат не се толку штетни како купечките. „Пушиме виткани цигари затоа што се поевтини и уживаме во тоа. Не ми се допаѓаат обичните цигари. Премногу се силни“ – изјавила Сем, којашто пушела додека била бремена со Чарли.

Момчето на Чарли, Шејн Бејкер, признал дека прво бил против тоа Чарли да пуши за време на бременоста, но подоцна престанал да се загрижува.

„На почетокот не се согласував Чарли да пуши додека е бремена. Ги слушав сите шпекулации и зборувања за тоа што му прави пушењето на бебето, па бев загрижен. Но, резултатите покажуваа друго. Тие покажуваа дека имаме здраво бебе со регуларен ритам на срцето. На критичарите на Чарли сакам да им кажам да не донесуваат заклучоци ако не се нашле во таква ситуација“ – изјавил Шејн.

Анкета

Анкета
Дали редовно си правите самопреглед на дојките?
  • 26%
  • 74%
Се испраќа...

(Вкупно: 3977 гласа)

Цитат

Не патуваме за да избегаме од животот, туку за животот да не ни избега нам.

Анонимен

Виц

Мажите со брада во 1819 година:

- Ќе ја убијам оваа мечка со голи раце!!!

Мажите со брада во 2019 година:

- Органски ли е овој крем за раце?