• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Чуден свет

ВИДЕО: Руски свештеник агресивно крштеваше испаничено бебе, заслужено е суспендиран

12 август 2019, 11:30
  • cподели

Видео од крштевање на бебе ја потресе руската јавност. Снимката беше објавена од револтираните родители кои споделија дека нивното малечко има повреди и трауми од агресивното однесување на свештеникот.

Во вознемирувачкото видео, игуменот Фотиј насилно се обидува трипати да го потопи едногодишното момче во светата вода додека тоа со сета сила се спротивставува. Во еден момент, мајката се приближува за да го успокои своето дете, но свештеникот не ѝ дозволува.

Видео

Watch video!

Според изјавата на мајката Анастасија Алексеева, бебето имало модринки и гребаници на вратот и грбот, а како последица на инцидентот, се плашело од сè и хистерично плачело. Анастасија го пријавила случајот во полиција, по што била започната истрага.

55-годишниот свештеник од Гатчина изјавил дека неговата постапка била нормална и ја обвини мајката дека не била подготвена за крштевка.

Руски свештеник

„А што точно се случи? Ништо не се случи, немам никаква вина. Едноставно емоциите на мајката беа повишени и таа се покажа како нецрковна личност и неподготвена за крштевка. По правилата на православната црква телото на бебето треба трипати да биде потопено, јас тоа и го следев. Бебето не голташе вода. Јас служам 26 години и секогаш така крштевам“ - рекол тој пред да биде суспендиран.

Најнови

  • „Жал ми е што жените сè уште слушаат: ‘Мајка си, тоа е дел од процесот’“: Физиотерапевтката Ивана за проблемите по породувањето кои не треба да се игнорираат

    Thu, 10/22/2026 - 23:45
  • ЕДС

    Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 22 октомври 2026 изнесува 263,22 евра за мегават час, на МЕМО 249,48 евра за мегават час

    Thu, 10/22/2026 - 15:12
  • Апел за помош на 33-годишниот Ристо од Битола кој боледува од рак и се бори да остане покрај двете малолетни деца

    Thu, 10/22/2026 - 14:32
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2026 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.