ВИДЕО: Возрасно бебе – на 29 години носи пелени, пие од цуцла
Почетна » Новости » Чуден свет » ВИДЕО: Возрасно бебе – на 29 години носи пелени, пие од цуцла

ВИДЕО: Возрасно бебе – на 29 години носи пелени, пие од цуцла

Сите понекогаш посакуваме да се вратиме во детството за уште еднаш да ја почувствуваме безгрижноста. Сепак, бидејќи не постои начин времето да се врати назад, сме се помириле со судбината дека никогаш повеќе нема да бидеме деца. Но, постојат и луѓе кои не мислат така.

Стенли Тортон е 29-годишен Американец кој прави сè што може за да живее како бебе. Скоро половина од својот живот тој го поминува во улогата на бебе за кое се грижи неговата „негувателка“ Сандра Дијаз.

Тој спие во „детско“ креветче, се храни од цуцла, си игра со играчки, користи бебешки јазик и носи пелени.

СтенлиСтенли во своето „детско“ креветче

Неговата цимерка Сандра Дијаз не е негова мајка, но со задоволство влегува во таа улога. „Го сакам како да ми е омилениот внук. Тој ми е како член на семејството кој ја загубил својата мајка и сега јас сум како тетка која е тука за него“ – изјавила Сандра за National Geographic.

Таа си игра со него, го храни со цуцла или мала лажичка, му чита приказни... сè што би правела една грижлива мајка.

Стенли и СандраСтенли и Сандра

Стенли води двоен живот. Кога излегува од дома носи облека за возрасни и се однесува како возрасен, но кога ќе се врати, веднаш ја облекува неговата „бебешка“ облека и започнува да живее во неговиот бебешки свет. Самиот тој се нарекува возрасно бебе и признава дека започнал да се интересира за тоа од времето кога имал 14 години.

Стенли

„Првата помисла е дека започнуваш да полудуваш, знаете, затоа што ова не е нормално, или барем така си мислите и сметате дека вие единствениот што прави така. Но, потоа седнуваш на компјутер и гледаш дека постојат други луѓе кои го прават тоа“ – изјавил Стенли.

Постојат луѓе за кои ваквиот начин на живот е еден вид сексуален фетиш, но кај Стенли ваквото однесување нема никаква врска со секс. Тој признава дека бебешкото однесување го релаксира и му помага да ги остави „возрасните“ проблеми настрана.

СтенлиСтенли со цуцлата в уста игра со своите играчки

„Сакам да си играм или да бидам третиран како бебе само за да ја добијам љубовта, нежноста, сигурноста“ – изјавил тој.

Стенли и неговиот начин на живеење беше тема на емисијата „Taboo“ на телевизијата National Geographic. Погледнете го видеото:

Анкета

Анкета
Дали редовно си правите самопреглед на дојките?
  • 73%
  • 27%
Се испраќа...

(Вкупно: 19902 гласа)

Цитат

Не патуваме за да избегаме од животот, туку за животот да не ни избега нам.

Анонимен

Виц

Мажите со брада во 1819 година:

- Ќе ја убијам оваа мечка со голи раце!!!

Мажите со брада во 2019 година:

- Органски ли е овој крем за раце?