Ботокс мајката лажела за сè за да добие слава и пари? Или...
Почетна » Новости » Чуден свет » Ботокс мајката лажела за сè за да добие слава и пари? Или...

Ботокс мајката лажела за сè за да добие слава и пари? Или...

Мајката: „The Sun“ ме поткупија да кажам дека ѝ ставам ботокс на ќерка ми

Мајката којашто тврдеше дека ѝ става ботокс и ја депилира својата 8-годишна ќерка ја промени својата приказна и сега тврди дека лажела за пари.

Во декларација до којашто успеа да дојде популарниот сајт TMZ, мајката која го шокира светот тврди дека британскиот весник The Sun ѝ дал 200 долари за ја одигра улогата на Кери Кембел и да каже дека ѝ става ботокс на својата ќерка.

Ми ја дадоа приказната, инструкции и скрипта по којашто требаше да се раководам за време на снимањето на интервјуто, во замена за пари. Добив 200 долари за таа приказна“ – изјавила мајката која во интервјуто лажела и за својот идентитет. Вистинското име на мајката е всушност Шина Аптон.

Малото девојчеМалото девојче со мраз во раката наводно фотографирано по третманот со ботокс

По интервјуто во весникот The Sun, Шина и нејзината ќерка учествуваа во добро познатите емисии „Good Morning America“ и „Inside Edition“, каде што уште еднаш ја прераскажаа приказната со ботоксот и депилацијата. Сите кои ја слушнаа приказната од нивните усти поверуваа и останаа шокирани.

Но, сега Шина тврди дека и во тие интервјуа лажела за да добие пари. „Се согласив да ги направам интервјуата за „Good Morning America“ и „Inside Edition“. Ми рекоа дека ќе ми платат многу пари за двете интервјуа“ – пишува во декларацијата.

Декларацијата со која Шина тврди дека лажелаДекларацијата со која Шина тврди дека лажела

Неколку дена по интервјуто за „Good Morning America“, одговорните служби започнаа истрага и за време на изминатиов викенд девојчето ѝ беше одземено на мајката.

Според најновите информации, Шина се заколнала дека никогаш не користела ботокс за разубавување на својата ќерка и дека никогаш не ја носела на депилација.

Вистината е дека јас никогаш не сум ѝ ставала ботокс на мојата ќерка, ниту сум дозволила било каков тип на депилација, ниту пак таа учествува во натпревари за убавина“ – пишува во декларацијата потпишана од Шина. Таа тврди и дека ја однела ќерката на лекарски преглед на којшто специјалисти утврдиле дека девојчето навистина не примало ботокс.

Шина и 8-годишната ќеркаШина и 8-годишната ќерка

Шина се надева дека со овој документ ќе успее да си го врати целосното старателството над својата ќерка, која во моментов престојува кај роднини.

The Sun: Ботокс мајката лаже!

Откако беше објавена декларацијата на Шина, веднаш се огласи и новинарката од весникот The Sun. Таа тврди дека „ботокс мајката“ лаже и дека таа лично гледала како му става инјекции на малото девојче со течност од шишенца на кои пишувало ботокс. Сепак, новинарката не ја исклучува можност во шишенцата да имало друга течност, а не ботокс.

За RadarOnline новинарката раскажала дека се сретнала во Шина во хотел. „Ѝ кажав дека ќе биде една од најомразените жени откако ќе се објави статијата, а таа ми одговори – Во ред! Ќе бидам среќна ако се случи тоа!“ – изјавила новинарката.

Телевизијата ABC: Никогаш не сме ѝ дале пари на мајката за интервјуата

Претставник на телевизијата ABC на која беше прикажано интервјуто изјавил дека никогаш не ѝ дале пари на Шина за интервјуто. Единствено му платиле на брокер 10 000 долари за лиценца за фотографиите.

Good Morning America неколкупати ја испрашуваше Аптон, членови на нејзиното семејство и други извори кои повторно и повторно ја потврдуваа приказната за ботоксот“ – изјавил претставникот и ветил дека ќе направат сè што е во нивна моќ за вистината да излезе на виделина.

И додека ја чекаме вистината, што мислите вие, кој лаже во случајов?

Анкета

Анкета
Дали редовно си правите самопреглед на дојките?
  • 26%
  • 74%
Се испраќа...

(Вкупно: 4086 гласа)

Цитат

Не патуваме за да избегаме од животот, туку за животот да не ни избега нам.

Анонимен

Виц

Мажите со брада во 1819 година:

- Ќе ја убијам оваа мечка со голи раце!!!

Мажите со брада во 2019 година:

- Органски ли е овој крем за раце?