VirusRadar – мобилна апликација за следење на изложеноста на Ковид-19 – имплементирана во Унгарија како донација од Некстсенс
Почетна » Новости » Промо » VirusRadar – мобилна апликација за следење на изложеноста на Ковид-19 – имплементирана во Унгарија како донација од Некстсенс

VirusRadar – мобилна апликација за следење на изложеноста на Ковид-19 – имплементирана во Унгарија како донација од Некстсенс

Како придонес на Некстсенс во борбата против глобалната закана од Ковид-19 денес во Унгарија е ставена во функција мобилната апликација VirusRadar, донација на унгарската држава за поддршка во борбата против коронавирусот.

VirusRadar е мобилна апликација за откривање на ширењето на COVID-19 базирана на технологијата на Некстсенс за следење на изложеноста на коронавирусот (Nextsense Contact Trancing Technology), имплементирана во македонската StopKorona! мобилна апликација. Изработена е согласно највисоките безбедносни стандарди и стандардите за заштита на приватноста на корисниците. Користи Bluetooth Low Energy протокол за детекција на анонимизирани, шифрирани контакти.

Некстсенс, како компанија со високо изразена свест за солидарност, помош и поддршка на заедницата својата технологија за следење на изложеноста на Ковид-19 ја стави на располагање на властите ширум светот, како донација.

VirusRadar

Интересот на Унгарија за мобилната апликација се темели на проверената технологија и потврдените механизми за безбедност и заштита кои што ги користи Некстсенс, во комбинација со потребата во периодот на олабавување на мерките и зголемувањето на фреквенцијата на движење на граѓаните да се користи мобилна апликација која ќе им помогне на здравствените власти полесно да ги детектираат лицата кои биле изложени на вирусот. Брзината на идентификација на сите потенцијално изложени лица со лицата кои се позитивни на вирусот може да придонесе кон побрзо спречување на ланецот на ширење на вирусот, а со тоа и негово побрзо искоренување. Масовната употреба на апликацијата ќе им овозможи на епидемиолозите да имаат брзa и ефикаснa евиденцијата на потенцијално изложени лица, при што ќе можат да стапат во контакт и да им дадат насоки за заштита на нивното здравје и здравјето на нивните најблиски.

Апликацијата VirusRadar во Унгарија е имплементирана од страна на Министерството за иновации и технологија со поддршка на унгарска ИТ компанија „Бизтрибутор“ и е управувана од Владината агенција за развој на информатика.

Некстсенс со своите водечки решенија за дигитална трансформација и напредни алатки за безбедна работа со документи е присутна во Европа преку партнерска мрежа, а на унгарскиот пазар преку дистрибутерот за своите производи и услуги - Бизтрибутор.

Промотивен текст

Анкета

Анкета
Сметате ли дека е добра мерката за задолжително носење на заштитна опрема на лицето (маска, шал)?
  • 63%
  • 37%
Се испраќа...

(Вкупно: 5985 гласа)

Цитат

Можеш да ги исечеш сите цвеќиња, но не можеш да ја спречиш пролетта да дојде.

Пабло Неруда

Виц

Се качувам на вага по завршувањето на карантинот.

Вагата покажува: „Ве молам почитувајте социјално дистанцирање. Качувајте се еден по еден!“