REVALID®: Елена и Љубица ја откриваат иновацијата против стареење и тенка коса
Почетна » Новости » Промо » REVALID®: Елена и Љубица ја откриваат иновацијата против стареење и тенка коса

REVALID®: Елена и Љубица ја откриваат иновацијата против стареење и тенка коса

Елена од Скопје и Љубица од Битола се двете Македонки кои погледнаа одблиску и ја открија иновацијата против стареење и тенка коса на Revalid®. Швајцарскиот бренд лансираше производ наменет да го забави процесот на стареење на косата и скалпот.

„Горди сме што швајцарската иновативната формула DN-AgeTM ја промовираме во Македонија. Нашите Revalid® Anti-Aging шампон и Anti-Aging флуид на жените ќе им помогне да го забават процесот на побелување на косата и ќе и дадат повеќе јачина, густина и волумен. Сакаме секоја жена да има здрава коса, а со тоа да зрачи со убава енергија, самодоверба и да ужива во сите убави моменти на животот што би рекле ние 'Новата ѕвезда е родена'“ - велат од брендот.

Revalid

Ефектите од процесот на стареење на косата се многу повеќе од само појава на бели влакна и вклучуваат и сувост, истенчување, кршливост, недостаток на волумен и сјај. Како што клетките на кожата ја губат својата природна способност да се спротивстават на оксидативниот стрес и оштетување, Revalid® Anti-Aging системот им ја обезбедува потребната поддршка за одржување на здрава текстура, волумен и изглед.

Од брендот направија интересно видео со Елена Стојановска Јанковска, познатата водителка на утринско шоу која со воодушевување говореше за иновацијата.

„Моите утра и започнуваат уште во 5 часот, на работното место треба да изгледам убаво, особено мојата коса. Навистина уживав да снимам за брендот низ моето мистично катче во Скопје, искрено, сакам да ви кажам дека најважно ми е да имам здрава коса. Со овој бренд драго ми е што за мојата коса ја открив вистинска иновативна формула“ - вели Елена.

Revalid

Системот се состои од Revalid® Anti-Aging шампон и Anti-Aging флуид. И двата производи содржат иновативна активна состојка DN-AgeTM, концентриран екстракт од листовите на Cassia Alata , растение познато по своите лековити и антивоспалителни својства. DN-AgeTM молекулата е инспирирана од одбранбените својства на растението за да ги заштити фоликулите на човечката коса и скалп и да го забави процесот на стареење. Ефектите како антиоксидативен, антивоспалителен, против-избелувачки ефект како и способноста за одржување на својствата за раст и стимулирање на обнова се докажани во бројни in vitro и in vivo студии. Во една студија, 80% од испитаниците ја опишуваат својата коса како посилна и погуста после секојдневна употреба на DN-AgeTM на скалпот.

Љубица Ангелковска екс новинар и ПР консултант ни откри дека со задоволство се вклучи во кампањата.

„Темпото на моето живеење, создава еден успешен свет за клиентите преку моја работа што ме прави вистински среќна. Постојано сум активна, но секогаш наоѓам време да и се посветам на мојата коса, бидејќи здравата и негувана коса за мене е самодоверба која инспирира. Верувам и во луксузот секогаш да се изгледа добро. Тоа е знак дека се сакате себеси. А ако се сакате себеси, можете вистински да сакате и друго“ - додава Љубица.

Revalid

Интересен факт е дека Revalid® Anti-Aging шампон и Anti-Aging флуидот содржат и екстракт од еделвајс од швајцарските алпи, растение познато како “преживувачка sвезда“, кое има способност да расте на големи надморски височини и високи температури. Преку стимулирање на клучни гени и протеини одговорни за одржување на заштитната бариера на скалпот, тоа претставува дополнителен поттик за самата коса и скалп.

Revalid® е бренд основан во 1992 во Швајцарија, специјално создаден да обезбеди холистички решенија за нега и против опаѓање на коса. Развиен од експертите, за да ја направат вашата коса поздрава и поцврста, Revalid® високо квалитетните производи се специјално формулирани да ги задоволат потребите на сите. Сите производи се дерматолошки тестирани и произведени во Швајцарија и може да се најдат во аптеките во земјава.

Revalid

Анкета

Анкета
Каков е вашиот став за вакцина против КОВИД-19?
  • 16%
  • 20%
  • 64%
Се испраќа...

(Вкупно: 10551 гласа)

Цитат

Некои од најдобрите спомени се создадени во апостолки.

Кели Елмор

Виц

Крем со колкав фактор?

- Со 20.

Доволно ќе ви е?

- Ако згрешам, нека изгорам.