Што е мелатонин и како да се справите доколку имате дефицит?
Почетна » Новости » Промо » Што е мелатонин и како да се справите доколку имате дефицит?

Што е мелатонин и како да се справите доколку имате дефицит?

Мелатонин е хормон, кој се излачува од епифизата (жлезда, со ендокрино излачување, голема колку зрно грашок, а сместена во средината на мозокот), а кој е одговорен за спиењето, односно за способноста за лесно заспивање и за квалитетен сон. Мелатонинот, го регулира циркадијалниот ритам на организмот, односно како што почнува да се стемнува, епифизата почнува да излачува повеќе мелатонин (дури и до 10-пати повеќе, споредено со дневната концентрација). Највисока концентрација на мелатонин, е забележана помеѓу 23.00 часот и 03.00 часот наутро. Во присуство на дневна светлина, нивото на мелатонин, значително опаѓа, и човекот се чувствува буден и спремен за активности. Како што старее човекот, така и концентрацијата на мелатонин се намалува, односно на повозрасните луѓе им треба помалку спиење, а скоро редовно имаат проблем да заспијат.

Jamieson

Покрај регулирањето на сонот, мелатонинот има и моќни антиоксидативни способности, дури и потврдени кардиопротективни карактеристики.

Кога нивото на мелатонин е намалено, или постои негов недостаток, првично се забележуваат промени во имуниот систем, како и во антиоксидативните системи- во организмот се интензивираат воспалителните реакции, што резултира со зголемено ниво на слободни радикали, кои интер-реагирајќи со други фактори доведуваат до сериозни имунодефицитарни последици, но и можна појава на Паркинсонова и Алцхајмерова болест, како и интензивирање на автоимуните реакции. Одржувањето на нормално ниво на мелатонин во организмот, е од големо значење за одложување на настанувањето на Алцхајмеровата и Паркинсоновата болест, но и превентивно за појава на исхемија на мозокот, односно мозочен удар, односно се намалува степенот на сите неуродегенеративни промени во организмот.

Доволни количини од овој хормон, позитивно влијаат на расположението, додека неговиот недостаток доведува до вознемиреност, замор и лошо расположение. Мелатонинот, делува превентивно и при појава на срцев инфаркт, каде главна причина е стрес, преку намалување на производството на кортикостероиди, кои може да го оштетат срцевиот мускул.

Денес е сè поголем бројот на луѓе со дефицит на мелатонин, особено во урбаните средини. Причината е во вештачкото, ноќното осветлување (light pollution), како и бучавата (noise pollution), пред сè од зголемениот број автомобили. Овие два фактори, делуваат инхибиторно на ензимите, кои се одговорни за конверзија на серотонинот во мелатонин. После 35-тата година, се намалува неговото излачување, што е главен показател за почнување на процесот на стареење на организмот. Излачувањето на мелатонинот, кај луѓето, физиолошки се намалува со стареењето (малите деца, најдолго спијат, споредено со тинејџерите, додека возрасната популација, спие најмалку). Намаленото ниво на мелатонин, во организмот, ја зголемува инциденцата за настанување на неуродегенеративни промени, во прв ред Паркинсонова и Алцхајмерова болест, како и затајување на работата на срцето и мускулна слабост.

JAMIESON ЗДРАВ СОН е природна помош за спиење што не создава зависност, помага да се намали времето потребно за заспивање, го зголемува вкупното време на спиење и го подобрува квалитетот на спиењето. JAMIESON™ ЗДРАВ СОН содржи мелатонин (5 mg), екстракти од скутеларија, родиола, камилица, и аминокиселина Л-теанин, кои заеднички резултираат со лесно заспивање, квалитетен сон, односно човекот наутро ќе се разбуди одморен и наспан.

JAMIESON ЗДРАВ СОН се употребува на следниов начин: 1 обложена таблета 30-60 минути пред спиење. Доколку е потребно, дозата се зголемува до најмногу 2 обложени таблети 30-60 минути пред спиење. За оптимални резултати, производот се користи најмалку 3-4 ноќи со цел обновување на здравите навики на спиење.

Jamieson

JAMIESON™ МЕЛАТОНИН ленти 3 mg со вкус на чоколадо и ментол, е производ формулиран за да помогне во обновувањето на оптималниот режим на спиење и надминување на телесната дисхармонија предизвикана од долги летови со авион. JAMIESON МЕЛАТОНИН лентите, за многу брзо време се растворуваат под јазикот и овозможуваат Вашето тело лесно да ги апсорбира активните состојки што овозможува брзо дејство и максимална ефикасност, односно брзо заспивање и квалитетен сон.

Jamieson

JAMIESON СПРЕЈ ЗА СПИЕЊЕ СО МЕЛАТОНИН обезбедува 1 мг мелатонин за само една секунда (1 мг по прскање) со цел зголемување на времето на спиење и намалување на телесната дисхармонија предизвикана од психички стрес, телесен замор, но и при други состојби (на пример долги летови со авион). Овој спреј со природен вкус на ментол е совршен избор за луѓе кои имаат потешкотии со голтање на капсули или таблети.

Jamieson

Михаил Минов, Дипл. Фарм. Спец.
Еурофарм

Комерцијален текст

Анкета

Анкета
Каде планирате да одите на одмор летово?
  • 40%
  • 14%
  • 25%
  • 21%
Се испраќа...

(Вкупно: 9639 гласа)

Цитат

Некои од најдобрите спомени се создадени во апостолки.

Кели Елмор

Виц

Крем со колкав фактор?

- Со 20.

Доволно ќе ви е?

- Ако згрешам, нека изгорам.