• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Промо

Стоби со традиција од 11 години како успешен македонски бренд го закрои лозјето за Св. Трифун

14 февруари 2020, 15:59
  • cподели

Во присуство на пријателите од бизнис, политички претставници, дипломати како и личности од јавниот живот, се закрои лозјето на плантажите во винаријата Стоби по повод големиот празник Св. Трифун. Винаријата со здравица ја означи и својата 11-та година од постоењето, гостите уживаа во Чалгија саунд систем, солистите од Национална опера и балет, солистката Наде Талеска, како и Горан Наумовски, Лена Заткоска-Маротова, Бојан Моратов, Владимир Дојџиновски, гитара како и Горан Папаз на сакс, за вистинско задоволување на сите сетила пак беше послужено сортно вино и вкусна храна.

Стоби винарија Стоби винарија

„Овој ден за нас е посебен, на овие плантажи точно пред 11 години ја започнавме нашата винска приказна Стоби винарија. Денеска можеме да се пофалиме со пласман на домашните и светските пазари како Кина, САД, Русија и Европа. Самите награди и пофалници од еминентни вински критичари говорат за квалитетот на брендот, за кои сме на врвот заедно со нашиот тим“ - истакна сопственикот на винарија Стоби, Минчо Јорданов. Винаријата исто така развива вински туризам преку вински тури, корпоративни услуги, специјални настани што ја издвојува од винариите од регионот.

Стоби винарија Стоби винарија

„Нашата фамилија има визија за винаријата уште од самиот почеток се со цел денеска да се пофалиме дека годишно произведуваме 4,5 милиони литри висококвалитетно флаширано вино, од кое 70% се извезува на странските пазари. Рамо до рамо сме со светските производители и тоа ни дава поттик постојано да инвестираме во иновации за производство на премиум, класик, традиционални и елитни вина за да бидеме конкуретни ширум светот“ - вели Ана Јорданова, креативен директор во компанијата.

Стоби винарија Стоби винарија

Во рецензиите објавени во Вашингтон пост и во винскиот магазин Wine Advocate, вината на Стоби добија високи препораки од еминентни светски вински критичари. Изминататите 11 години винаријата зеде учество на сите саеми, така што освои награди и признанија на европски и светски натпревари како Decanter, Мундус вини во Германија и Вино Љубљана во Словенија.

Модерниот концепт на винаријата Стоби долж Градско има луксузен ресторан со посета на домашни и странски гости, како и одржување на голем број на настани.

Комерцијален текст

Најнови

  • Бредли Купер сака да се ожени со Џиџи Хадид, ја побарал нејзината рака од мајка ѝ и ќе прават свадба во 2026 година

    Tue, 12/23/2025 - 11:44
  • Ана Курникова и Енрике Иглесијас го добија четвртото дете и ја споделија првата фотографија од бебенцето

    Tue, 12/23/2025 - 10:04
  • Доктор Чадиковски: „40 деца со Даунов синдром досега се оперирани кај нас... Овие деца не се ‘различни’, тие се подарок“

    Tue, 12/23/2025 - 09:42
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2025 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.