Се отвори „Роса школото за родителство“ во Струмица
Почетна » Новости » Промо » Се отвори „Роса школото за родителство“ во Струмица

Се отвори „Роса школото за родителство“ во Струмица

По најавата минатата недела за продолжување на проектот „Роса школи за родителство“, денес во ЈЗУ „Здравствен дом Струмица“ и официјално се отвори новото школо за родители, донација од Пивара Скопје и компанијата Coca – Cola преку Роса, а во партнерство со Министерството за здравство.

Ова „Роса“ школо е всушност четврто досега отворено од почетокот на проектот во 2018 г., а до крајот на годинава ќе бидат отворени уште две, во Општата болница во Охрид и во Општата болница во Куманово.

На денешното отворање министерот за здравство, Доц. Д-р Венко Филипче, директорката на болницата Љубица Митева и бренд менаџерот за негазирани пијалаци во Пивара Скопје, Катерина Хаџи-Ангелеска-Начевска, ги поздравија присутните медиуми и тимот доктори кои ќе работат во рамки на школата.

Роса школи за родителство Роса школи за родителство

„Навистина ми е драго што овој проект вистински живее, а уште повеќе што ‘Роса’ школите се одлично прифатени ширум земјава. Од името на Пивара Скопје, искрено благодарам што Министерството за здравство сесрдно ја поддржува нашата мисија за чинење добросостојба за целата заедница, а за тоа говори и Меморандумот за соработка што минатата недела го потпишавме. Ни претстои отворање на уште две школи годинава, а со Меморандумот се обврзуваме на уште три до крајот на 2020 г., со цел на што повеќе семејства да им ги овозможиме бенефитите од овие бесплатни работилници. Во меѓувреме, ги поканувам сите трудници од Струмица и членовите од нивните потесни семејства да се пријавуваат за обуките и да ја посетуваат ‘Роса’ школата во нивниот град“, изјави Катерина Хаџи-Ангелеска-Начевска од Пивара Скопје.

Целта на „Роса“ школите за нови родители е всушност тие да се едуцираат како да се справат со предизвиците, но и да се поддржат во првите денови од родителството, а обуките опфаќаат повеќе корисни теми како здрава нега во бременоста, психофизичка подготовка за породување, доење, нега на новороденчето, родителство итн. Во рамки на „Роса“ школата ќе работи обучен и квалификуван тим сочинет од специјалист гинеколог-акушер, педијатар и патронажна сестра, кои ќе се обидат да одговорат на сите прашања и дилеми кои новите родители би можеле да ги имаат.

„Како Министерство за здравство навистина ја согледавме потребата од ваков облик на групни здравствено-едукативни работилници во Здравствениот дом во Струмица и во оваа прилика би сакал да ја поздравам одлуката на Пивара Скопје за продолжување на проектот и во нови градови. Ние обезбедуваме експертска помош и стручен кадар од лекари специјалисти кои работат во овие школи и убеден сум дека струмичани ќе имаат вистински бенефит за сите прашања врзани со родителството. Родителството се учи. Да им овозможиме одговорно и успешно родителство на сите идни родители“, изјави Доц. Д-р Венко Филипче, министер за здравство.

Роса школи за родителство

„Честа е навистина голема што и нашиот Здравствен дом е ставен на мапата за ‘Роса’ школи за родителство и во таа насока, би сакала да изразам голема благодарност до Пивара Скопје и Министерството за здравство што се сетија и на нас. Во ова школо ќе работи стручен тим од доктори од овој Здравствен дом и искрено верувам дека младите семејства и сите идни родители од Струмица ќе се пријавуваат за работилниците и ќе ги уживаат придобивките што тие ги нудат, сѐ со цел вистински да се едуцираат за родителството и подготвени да зачекорат во родителските улоги“, изјави директорката на ЈЗУ „Здравствен дом Струмица“, Љубица Митева.

Средствата за „Роса“ школите се собрани преку кампања во која за оваа намена се издвојуваше по 1 денар од секое продадено шише вода „Роса“ од 1,5 л.

Роса школи за родителство Роса школи за родителство Роса школи за родителство Роса школи за родителство

Комерцијален текст

Анкета

Анкета
Каде планирате да одите на одмор летово?
  • 38%
  • 17%
  • 25%
  • 20%
Се испраќа...

(Вкупно: 3286 гласа)

Цитат

Можеш да ги исечеш сите цвеќиња, но не можеш да ја спречиш пролетта да дојде.

Пабло Неруда

Виц

Се качувам на вага по завршувањето на карантинот.

Вагата покажува: „Ве молам почитувајте социјално дистанцирање. Качувајте се еден по еден!“