Работниците од трета смена изненадени со „Флерт Кафица“ за полесно минување на ноќта
Почетна » Новости » Промо » Работниците од трета смена изненадени со „Флерт Кафица“ за полесно минување на ноќта

Работниците од трета смена изненадени со „Флерт Кафица“ за полесно минување на ноќта

Кафето го консумираме за да се разбудиме, да се освестиме и свежи да го почнеме новиот ден. Но, што е со оние што мора да работат во трета смена и да ја поминат ноќта концентрирани на работните задачи?

Во насока на будење на граѓаните на кои тоа им е најпотребно, но и по повод лансирањето на новите производи „Флерт Кафица“, Бимилк вчеравечер на неколку локации во Скопје ги изненади работниците што работат во трета смена со новиот производ, кој е вистинско кафесо силна доза кофеин и висококвалитетно млеко.

Имено, работници од неколку различни профили, како што се чувари во градинарски и бизнис-центри, таксисти, диспечери во такси-компании и работници што работат на асфалтирање на скопските улици, во вечерните часови беа изненадени од промотивниот тим на Бимилк. Под мотото „Таа те буди“, им беше понуден еден од трите вкуса на „Флерт Кафица“: еспресо, макијато и капучино.

Флерт кафица Флерт кафица

„Ова е тоа што ми требаше во овие доцни вечерни часови. Нешто што ќе ме размрда за полесно да ја поминам вечерта. По ’Флерт Кафица‘, дефинитивно, ќе останам буден до разденување“, ни изјави еден од чуварите вклучени во промоцијата.

Флерт кафица Флерт кафица

Друга изјава што ја добивме од еден од работниците, кои вредно работат на асфалтирање на скопските улици, беше: „Ретко кој помислува на оние што работат во трета смена. Посебно на нас, физичките работници. Браво за идејата и благодариме за вниманието!“

Флерт кафица Флерт кафица

Трите вкуса од новите производи „Флерт Кафица“ се достапни во практично пакување од 330 мл и претставуваат совршено освежување за сите оние што се во движење, придонесувајќи за подобрување на концентрацијата и за дополнителна енергија на организмот.

Комерцијален текст

Анкета

Анкета
Каде ќе одите/бевте на одмор ова лето?
  • 25%
  • 6%
  • 6%
  • 7%
  • 3%
  • 3%
  • 12%
  • 12%
  • 26%
Се испраќа...

(Вкупно: 9962 гласа)

Цитат

Не патуваме за да избегаме од животот, туку за животот да не ни избега нам.

Анонимен

Виц

Мажите со брада во 1819 година:

- Ќе ја убијам оваа мечка со голи раце!!!

Мажите со брада во 2019 година:

- Органски ли е овој крем за раце?