Попусти и до -40% на производи за сончање и очила за сонце во омилените dm дрогерии
Почетна » Новости » Промо » Попусти и до -40% на производи за сончање и очила за сонце во омилените dm дрогерии

Попусти и до -40% на производи за сончање и очила за сонце во омилените dm дрогерии

Ова лето можеби нема да го поминеме на брегот на некое море, но тоа не треба да нѐ разочарува. Реките, езерата, високите планински врвови или околните села се тука за да бидат откриени од нас и да нѐ упатат во нови авантури. Она што останува исто во секоја прилика е грижата за своето здравје и заштитата од сонце. Без разлика која ќе биде нашата дестинација ова лето, заштитата од сонце не смееме да ја заборавиме.

Затоа, набавете уште сега сѐ што ви е потребно за заштита од сонце и тоа со неверојатни попусти и до -40% во вашите и наши омилени dm дрогерии!

dm

Што е тоа што ни е потребно за да уживаме безгрижно во летото?

Сончевите зраци се насекаде околу нас, а тие се и вистинската причина поради која уживаме во ова прекрасно годишно време. Но, за летното уживање да остане уживање и да не се претвори во непријатно искуство, кремот за лице со заштитен фактор, млекото за сончање, спрејот за заштита на коса, како и прекрасниот After Sun лосион, освежителен спреј или очилата за сонце не смеат да недостасуваат во нашиот летен outdoor асесоар. Без разлика дали сме во природа, во град, во локалното кафуле или шетаме во парк, заштитните средства она што задолжително треба да го имаме со себе.

Косата, исто како и кожата, може се оштети од сончевите зраци. Затоа, спрејовите за заштита на коса од сонце се секогаш добредојдени. Дополнителни совети за заштита и одржување на здраво влакно во текот на летото можете да прочитате тука.

Лицето можеме да го заштитиме со лесен хидратантен крем со заштитен фактор или пак, она што е навистина погодно, со флуид за сончање.

Доколку имате проблем да се одлучите и сѐ уште не знаете кој е вистинскиот заштитен фактор за вас, ние можеме да ви помогнеме. Прочитајте тука како сами можете да го одредите потребниот заштитен фактор и правилно да се заштитите во лето.

Негата и заштитата на нашите најмали не смееме никако да ја заборавиме. А, бидејќи детската кожа е многу почувствителна од онаа на возрасните, треба и посебно да ја заштитиме. Како, и со што можете тоа најдобро да го направиме, можете да се информирате тука.

Се надеваме дека со нашите интересни совети и информации ви помогнавме да научите нешто ново и да се подготвите за уште едно незаборавно лето во кое ќе уживате безбедни и заштитени.

Анкета

Анкета
Каде планирате да одите на одмор летово?
  • 41%
  • 14%
  • 25%
  • 19%
Се испраќа...

(Вкупно: 6377 гласа)

Цитат

Некои од најдобрите спомени се создадени во апостолки.

Кели Елмор

Виц

Крем со колкав фактор?

- Со 20.

Доволно ќе ви е?

- Ако згрешам, нека изгорам.