Подгответе се за најубавата улога во Вашиот живот
Почетна » Новости » Промо » Подгответе се за најубавата улога во Вашиот живот

Подгответе се за најубавата улога во Вашиот живот

Периодот во којшто планирате бременост, сте бремена или за Вас кои веќе го завршивте патувањето низ бременоста и уживате во прекрасните моменти поминати со новиот член на Вашето семејство, е еден од најдрагоцените моменти на мајките и на новите родители.

МоделОткупена фотографија. Лицето кое позира е модел

Водени од идејата секојдневно да инвестираме во поздрав живот на секој поединец и да бидеме поддршка на сите кои се радуваат на најубавата улога во животот, ја создадовме веб-страницата premama.com.mk, на којашто бремените жени, доилките и жените кои планираат да забременат може да се здобијат со дополнителни информации и совети од здравствени професионалци.

Premama

Планирањето и текот на бременоста се периоди кога се наметнува потребата за одредени промени во Вашиот вообичаен животен стил. На premama.com.mk достапни се информации кои ќе Ви помогнат подобро да ги разберете промените коишто се случуваат во Вашето тело, како и информации за развојот на плодот во секоја фаза од бременоста.

Со пристигнувањето на Вашето бебе почнувате нова фаза во Вашиот живот. Особено ако сте за првпат мајка, секоја мала работа поврзана со Вашето бебе ќе претставува ново искуство за Вас. На premama.com.mk може да прочитате повеќе и за периодот по бременоста, за значењето на доењето, за изборот на Вашата исхрана, односно да се подготвите за промените коишто доаѓаат со Вашата нова улога во животот.

Во склоп на веб-страницата premama.com.mk активна е и секцијата „Советувајте се со гинеколог“, што Ви овозможува да разговарате со гинеколог за теми поврзани со здравјето и со производот ПреМама Дуо. Доколку планирате бременост, сте бремена или веќе го завршивте патувањето низ бременоста, преку оваа секција може да добиете одговори на Вашите прашања.

Грижата за малото бебе е најубавата работа, но истовремено е и предизвик за секоја жена и, воопшто, за секој нов родител. Освен што е важно да водите добра грижа за Вашето бебе, исто така е важно и водењето грижа за себе и задоволувањето на Вашите потреби. Не заборавајте да си честитате за сѐ што досега сте постигнале и да уживате во секој ден од животот на Вашето бебе.

Premama

Комерцијален текст

Анкета

Анкета
Каков е вашиот став за вакцина против КОВИД-19?
  • 16%
  • 20%
  • 64%
Се испраќа...

(Вкупно: 11068 гласа)

Цитат

Некои од најдобрите спомени се создадени во апостолки.

Кели Елмор

Виц

Крем со колкав фактор?

- Со 20.

Доволно ќе ви е?

- Ако згрешам, нека изгорам.