Орифлеим „Magnetista“ – време е да преземете контрола врз процесот на заведување!
Почетна » Новости » Промо » Орифлеим „Magnetista“ – време е да преземете контрола врз процесот на заведување!

Орифлеим „Magnetista“ – време е да преземете контрола врз процесот на заведување!

Шведската козметичка компанија Орифлеим, организираше невообичаен и магичен настан на кој го промовираше „Magnetista“ единствениот мирис на светот за кој научно е докажано дека има моќ да ја зголеми привлечноста на жените кај мажите.

Magnetista Magnetista

Викторија Лоба која воeдно е и заштитно лице на Орифлеим истакна дека:

„Magnetista“ како што кажува и неговото име, има ефект како на магнет, збогатувајќи ја жената со невидливо моќно оружје, кое и овозможува да ја контролира и успешно заврши играта на заведување. Со својот неодолив и модерен мирис оваа парфимирана тоалетна вода е наменета за сите современи и урбани жени кои сакаат да бидат свои, посебни и атрактивни!

Станува збор за уникатен мирис со живи и кадифени ноти добиени од цветот на страста Пасифлора, со неодолив и привлечен мирис кој поседува вибрантна енергија на заведување, како најсензуалното танго на светот.

„Magnetista“ ја истакнува женската енергија и оригиналност, овозможувајќи мирисот да биде нејзиниот најсилен адут во привлекувањето. Оваа парфимирана тоалетна вода ја создадоа можеби двете најпознати и светски најреномирани професионални парфимерки Емили Коперман и Алиенор Масене, кои успеаја да создадат есенција со магична моќ на привлекување, дополнително изјави Катaрина Штерјовска, Директор на Орифлеим за Македонија.

Magnetista Magnetista

Неодамна спроведената невроклиничка студија потврди дека жените кои имаат нанесено од мирисот „Magnetista“ се многу попривлечни за мажите од оние жени кои го немаат нанесено. Мирисот моментално се раширува и е со долготраен интензитет. Во студијата се тестираа емоционалните реакции, мозочната активност и движењето на очите, кои настануваат при сетилен контакт со уникатниот мирис од „Magnetista“.

Невронаучниците потврдија дека благодарение на уникатната состојка Феромон, која се добива од растението Пасифлора, ова парфимирана тоалетна вода има привлечен и неодолив мирис за мажите, и делува како силен афродизијак. Имено машкото сетило за мирис функционира како филтер, систем кој буквално ги анализира сите потенцијални партнерки, па мирисот има голем потсвесен ефект во привлекувањето.

Magnetista Magnetista

Со овој производ Орифлеим Македонија го збогатува своето широко портфолио на квалитетни природни производи, кои ја надополнуваат и истакнуваат женската убавина, и воопшто им овозможуваат на луѓето да го променат својот живот на подобро.

Комерцијален текст

Анкета

Анкета
Каде ќе одите/бевте на одмор ова лето?
  • 25%
  • 6%
  • 6%
  • 7%
  • 3%
  • 3%
  • 12%
  • 12%
  • 26%
Се испраќа...

(Вкупно: 9958 гласа)

Цитат

Не патуваме за да избегаме од животот, туку за животот да не ни избега нам.

Анонимен

Виц

Мажите со брада во 1819 година:

- Ќе ја убијам оваа мечка со голи раце!!!

Мажите со брада во 2019 година:

- Органски ли е овој крем за раце?