Нова голема наградна игра на Шпаркасе Банка Македонија во соработка со Mastercard
Почетна » Новости » Промо » Нова голема наградна игра на Шпаркасе Банка Македонија во соработка со Mastercard

Нова голема наградна игра на Шпаркасе Банка Македонија во соработка со Mastercard

Од денес започнува новата голема наградна игра „Шпаркирај нов автомобил“ наменета за корисниците на Mastercard картичките издадени од Шпаркасе Банка Македонија, кои со секоја трансакција на износ поголем или еднаков на 500,00 денари имаат можност да освојат некоја од вредните награди:

  • Главна награда автомобил Citroen New C3
  • 2 x MacBook Air
  • 2 x iPhone 11
Наградна игра Шпаркасе и Mastercard

Во наградната игра, која ќе трае од 15.09.2020 година до 15.11.2020 година, право на учество имаат сите полнолетни лица – државјани на Република Северна Македонија (лица со и над 18-годишна возраст), кои се корисници на картички од брендот Mastercard и Maestro, издадени од Шпаркасе Банка Македонија АД Скопје.

Со секоја поединечна трансакција во износ поголем или еднаков на 500,00 денари, направена на продажните места и е-commerce трансакции (плаќања на интернет) во земјата и надвор од неа, корисниците на картичките Mastercard Debit и Maestro добиваат по ЕДНА шанса за учество, додека корисниците на кредитните картички Mastercard Standard и Mastercard Gold добиваат ДВОЈНА шанса за учество.

Официјалното извлекување на добитниците на наградите ќе се изврши на 20.11.2020 година, со почеток во 12 часот, во просториите на Шпаркасе Банка Македонија АД Скопје, на ул. Македонија број 34, Скопје. Добитниците на наградите ќе бидат извлечени автоматски, по принципот на случаен избор, со специјален софтвер развиен за потребите на наградната игра.

Повеќе информации за наградите како и за условите за учество во наградната игра „Шпаркирај нов автомобил“ може да се најдат на веб-страницата на Банката www.sparkasse.mk или преку повик во Контакт центарот на телефонскиот број 02 3 200 600.

Комерцијален текст

Анкета

Анкета
Каде планирате да одите на одмор летово?
  • 41%
  • 14%
  • 25%
  • 20%
Се испраќа...

(Вкупно: 8655 гласа)

Цитат

Некои од најдобрите спомени се создадени во апостолки.

Кели Елмор

Виц

Крем со колкав фактор?

- Со 20.

Доволно ќе ви е?

- Ако згрешам, нека изгорам.