Конкурс за најдобар расказ на тема: Инклузија – сите деца се исти
Почетна » Новости » Промо » Конкурс за најдобар расказ на тема: Инклузија – сите деца се исти

Конкурс за најдобар расказ на тема: Инклузија – сите деца се исти

По повод октомври - месецот на штедењето, Халкбанк АД Скопје и штедливото слонче Халки објавуваат конкурс за најдобар расказ на тема „Инклузија – сите деца се исти“.

Право на учество имаат деца од 7 до 12 години, а конкурсот ќе трае до 31 октомври. Расказите испраќајте ги на: halkbank@halkbank.mk со назнака „Конкурс за најдобар расказ”.

За испратените раскази ќе одлучува стручна комисија составена од двајца книжевници и еден претставник од Халкбанк АД Скопје.

Наградата се состои од детска штедна книшка со вредност од 3.000 денари.

Халкбанк

Условите за учество можете да ги најдете на следниов линк

„Слончето Халки не е само симбол на детското штедење, туку и вистински другар на сите деца, гласноговорник за нивните права. Ликот на Халки е резултат и на опшествената одговорност на Халкбанк АД Скопје која се залага и за здрава животна средина, инклузија и квалитетно образование на сите деца, преку активности кои не се наменети само за финансиска едукација. По успешните конкурси за ликовни творби на тема: „Здрава животна средина“ и „Илустрирај ја татковината“ реализирaни годинава, како и по проектот во месец мај кога слончето Халки ги едуцираше децата за тема инклузија, овој пат ќе го наградиме најдобриот расказ на тема „Инклузија - сите деца се исти“ – информира Маја Наумовска Савеска од Халкбанк АД Скопје.

Во месецот на штедењето – октомври, Халкбанк АД Скопје се фокусира токму на децата. Активностите започнаа со промоција на детското штедење - Халки и промотивните каматни стапки кои се движат до 1.7 отсто за штедење во денари, односно до 1.2 отсто за штедење во евра на рок од 60 месеци, а ќе биде заокружен со промоција на ексклузивната „Сликовница на Халки“. Средствата од продажбата на сликовницата ќе бидат наменети во хуманитарни цели.

Халкбанк

Повеќе инфо за детското штедење - Халки на:

https://halkbank.mk/detsko-shtedenje.nspx

Комерцијален текст

Анкета

Анкета
Дали се согласувате со одлуката наставата да започне со физичко присуство?
  • 75%
  • 25%
Се испраќа...

(Вкупно: 4033 гласа)

Цитат

Благодарното срце е магнет за чуда.

Виц

Пријателки разговараат за фигурата...

Првата: По 3 месеци тренирање, конечно имам стомачни мускули.

Втората: И јас имам, само што ми се скриени од љубовта кон пицата, виното и чоколадото.