Кога имагинацијата ќе стане реалност!
Почетна » Новости » Промо » Кога имагинацијата ќе стане реалност!

Кога имагинацијата ќе стане реалност!

Виталиа

Набргу ќе се збогуваме од предизвикувачката 2020 година и на тоа сите се радуваме. Таа преку ноќ нè натера да се откажеме од дружењето, излегувањето, патувањето…

Но, истата оваа година ни ја разбуди имагинацијата, која ни овозможува да отпатуваме на места на кои не можеме да одиме, да го почувствуваме тоа што не можеме да го почувствуваме, нè научи да го цениме повеќе своето здравје, нашите најблиски, но и да се радуваме на малите нешта.

Дали и вие ја разбудивте вашата имагинација, дали започнавте да наоѓате среќа во едно едноставно „благодарам“, „чувај се“ или нов рецепт и ужинка што ви ги исполнува сите сетила?

Инспирирани токму од имагинацијата, „Виталиа“ лансираше иновативен и уникатен пар производи со симболично име IMAGINE. Со тоа, полиците на вашиот маркет станаа побогати со нови и здрави производи со незаборавен вкус кој освојува.

Станува збор за барови од јаткасти плодови, кои се несекојдневна мешавина на состојки и вкусови и претставуваат врвна здрава закуска со модерен дизајн кој ја раскажува својата приказна.

Уживајќи во IMAGINE баровите, ќе се потсетите дека имагинацијата ни е неопходна, таа е нашата инспирација во создавањето на вредности, таа е уникатна и бесконечна.

Крцкави кикирики,солена карамела, свиленкаст путер од кикирики ... Не мора да го замислуватe, сето ова e токму IMAGINE бар.

Не само тоа! Оваа ужина е посебен свет на здравје со повеќе од 40% цели јатки, полни со растителни влакна и со само 4 грама шеќер.

А што е со вкусот на слатко-кисела брусница, крцкави бадеми со прелив од неодоливо црно чоколадо? Или можеби треба да го наречеме небесна комбинација на вкусови?

Доволно ќе биде да имате со себе IMAGINE бар со брусница, бадем и темно чоколадо. Овој бар е сладок и крцкав, со повеќе од 40% јаткасти плодови, 20% брусница, многу растителни влакна и само 5 грама шеќер.

IMAGINE баровите ќе ја задоволат вашата имагинација за здрава, вкусна и неодолива ужинка во секоја пригода.

Во време кога сме претпазливи, загрижени и затворени во сопствените домови, имагинацијата ни дозволува да исчекориме во поубави места, далечни од оваа наша реалност , ни овозможува да гледаме бои каде што нема. Вкусете го „IMAGINE“ и навлезете во бесконечниот свет на имагинацијата.

Виталиа

Комерцијален текст

Анкета

Анкета
Каков е вашиот став за вакцина против КОВИД-19?
  • 15%
  • 21%
  • 64%
Се испраќа...

(Вкупно: 10163 гласа)

Цитат

Некои од најдобрите спомени се создадени во апостолки.

Кели Елмор

Виц

Крем со колкав фактор?

- Со 20.

Доволно ќе ви е?

- Ако згрешам, нека изгорам.