Како чадот од цигарите влијае на вашиот изглед?
Почетна » Новости » Промо » Како чадот од цигарите влијае на вашиот изглед?

Како чадот од цигарите влијае на вашиот изглед?

Кожата и косата постојано се директно изложени на разни штетни влијанија и супстанци во животната средина, вклучително и чадот од цигарите. Чадот во себе содржи илјадници супстанци кои се токсични. Некои од токсините во чадот од цигарите го оштетуваат колагенот и еластинот, фиброзни компоненти на кожата кои ја одржуваат цврста и еластична.

Какви проблеми може да предизвика изложеноста на чад од цигари? Пред сѐ, тука спаѓа стареењето на кожата, задоцнето заздравување на раните и зголемена можност за инфекции, заболувања на кожата меѓу кои супуративен хидраденитис и кожен лупус еритематозус и други.

IQOS

Чадот од цигари предизвикува „оксидативен стрес“ или т.н. слободни радикали. Овој процес предизвикува да се создава помалку колаген и истиот повеќе да се разградува. Оштетувањето на колагенот и еластинот се голем фактор во предвремено стареење на кожата. Чадот од цигари ја намалува влажноста на кожата, содржи јаглерод моноксид, кој го намалува кислородот во вашата кожа, го намалува протокот на крв, придонесува за промени во бојата. Хемикалиите исто така ја „осиромашуваат“ кожата од многу хранливи материи, вклучително и витамин Ц, кој помага во заштитата и заздравување на кожата при оштетувања.

Ако збрчканата и нездрава кожата не е доволна, пушењето ја оштетува и вашата коса. Експертите сметаат дека токсичните хемикалии во чадот можат да ја оштетат ДНК во фоликулите на влакната и да создадат слободни радикали кои штетат на клетките. Крајниот резултат? Потенка коса која има тенденција да побели.

Речиси и да нема пушач на светот кој не е свесен за ризикот на кој секојдневно е изложен од чадот од цигарите, како и штетното влијание кое чадот го има и на околината и на луѓето. А тука се и пасивните пушачи кои имаат исто така зголемен ризик да ги добијат истите заболувања како пушачите.

Како можеме да ги намалите овие штетни ефекти? На пазарот кај нас веќе се достапни алтернативни производи со намален ризик, меѓу кои е и IQOS (Ајкос) уредот на Филип Морис. Се разбира дека откажувањето од цигарите е најдобра опција, но оние кои не можат или не сакаат да се откажат сериозно треба да размислат за промена, односно префрлање на ваков производ. IQOS уредите не го горат, туку го загреваат тутунот на температура од 300 до 350 степени, што е речиси двојно помала од согорувањето на цигарите и при тоа испушта до 95% помалку штетни материи. Без чад, без мирис, без пепел, со намален ризик.

IQOS уредот е наменет исклучиво за возрасни пушачи кои инаку би продолжиле со пушење. Овие уреди се достапни во трговските центри City Mall, Ramstore, Capitol и онлајн на mk.iqos.com.

Анкета

Анкета
Каде планирате да одите на одмор летово?
  • 41%
  • 14%
  • 25%
  • 19%
Се испраќа...

(Вкупно: 6374 гласа)

Цитат

Некои од најдобрите спомени се создадени во апостолки.

Кели Елмор

Виц

Крем со колкав фактор?

- Со 20.

Доволно ќе ви е?

- Ако згрешам, нека изгорам.