Запознајте ги Гранд милионерите!
Почетна » Новости » Промо » Запознајте ги Гранд милионерите!

Запознајте ги Гранд милионерите!

Во просториите на Гранд кафе во Скопје беше одржан свечен прием на кој беа доделени главните награди од наградната игра „Стани Гранд милионер“. На тој начин Гранд кафе забележа уште една успешна наградна игра која предизвика огромен интерес и во која секојдневно пристигнуваа голем број на пријави, а Гранд испрати вредни дневни и неделни награди во сите краеви на Rепублика Северна Македонија.

Гранд кафе

Меѓутоа, најголемата неизвесност и возбуда се чувствуваше пред финалното извлекување, на кое требаше да ги дознаеме имињата на тројцата Гранд милионери. Конкуренцијата беше огромна, бидејќи во финалното извлекување учествуваа сите дотогаш испратени, а недобитни кодови. Гранд кафе ги угости добитниците на главните награди со огромно задоволство и искажување на голема благодарност за нивната верност и лојалност, а што вели еден од добитниците можете да прочитате во изјавата подолу:

Гранд кафе

„Ова ми е прва награда од Гранд кафе и сум многу среќна што бев извлечена како Гранд милионер, особено поради тоа што ова кафе го пијам со години. Им благодарам на Гранд кафе што ми ја направија оваа година поубава. На сите им препорачувам да пијат Гранд кафе и да играат и да веруваат во наградните игри кои ги организира Гранд кафе“, порача Силвана Цветковска од Куманово, една од добитничките на главна награда.

Гранд милионерите од Велес, Ново Село и Куманово ги пречекаа претставници на Гранд кафе, кои им се заблагодарија за учеството во наградната игра и свечено им ги врачија освоените награди.

„Гранд кафe и оваа година организираше наградна игра за своите потрошувачи, со цел да им се заблагодари за довербата. Драго ни е што нашите потрошувачи го препознаваат ова, особено затоа што сме домашен производ, произведен во Македонија, и го снабдуваме овој пазар со врвно кафе, се грижиме за нашите вработени и се обидуваме да инвестираме во заедницата во која работиме. Изборот на најдобри видови и зрна кафе е наш заштитен знак и сметаме дека инвестирањето во квалитет е основа на добри резултати“, изјави Виолета Митковска, менаџер на Атлантик Гранд Скопје, Атлантик Група.

Гранд кафе

Уживајте во вашиот омилен, добро познат вкус и мирис на Гранд кафе која за вас подготвува нови изненадувања како знак на благодарност за вашата долгогодишна доверба.

Комерцијален текст

Анкета

Анкета
Каков е вашиот став за вакцина против КОВИД-19?
  • 16%
  • 21%
  • 64%
Се испраќа...

(Вкупно: 10473 гласа)

Цитат

Некои од најдобрите спомени се создадени во апостолки.

Кели Елмор

Виц

Крем со колкав фактор?

- Со 20.

Доволно ќе ви е?

- Ако згрешам, нека изгорам.