Почетна » Новости » Промо » Доаѓаат апарати за домаќинство со нова технологија: подобри перформанси со заштеда на енергија

Доаѓаат апарати за домаќинство со нова технологија: подобри перформанси со заштеда на енергија

Глобалниот лидер во производството на апарати за домаќинство, BEKO, лансираше нова генерација уреди со технологија EnergySpin во својата палета на машини за перење. Презентирана во Берлин на трговската конференција IFA 2023, оваа нова технологија дава ново искуство во традиционалните процеси на перење, бидејќи спаѓа во технологиите со чија помош машините за перење имаат уште подобра енергетска ефикасност.

Сето ова е во согласност со деловната мисија на компанијата BEKO - неуморно да се залага за развој на иновативни технологии, зголемување на свеста на потрошувачите и поголема понуда на енергетски поефикасни производи. Машините за перење со „EnergySpin технологија“ се само дел од производите што ќе бидат претставени на трговската конференција IFA 2023 што се одржува во Берлин од 1 до 5 септември.

Beko

За здравјето и на луѓето и на планетата

„Во Bekо веруваме дека здравиот живот го вклучува и здравјето на луѓето, но и здравјето на планетата. Производите што ги нудиме не само што се иновативни и сигурни, туку се и добри за здравјето на нашите потрошувачи. Затоа сме сигурни дека нашите потрошувачи ја носат вистинската одлука при изборот на производите на BEKO. BEKO работи во согласност со стандардите и прописите кои ги почитуваат се повеќе земји во светот - ги почитуваме стандардите за енергетска ефикасност и правиме се за да ја намалиме потрошувачката на енергија“ - велат од компанијата BEKO, по повод лансирањето на иновативните технологии и апарати.

Енергетски ефикасните апарати се мисијата на BEKO

„Постојано се стремиме да развиваме иновативни технологии, се трудиме да влијаеме на свеста на нашите потрошувачи и да понудиме што е можно повеќе енергетски ефикасни производи. Нашите машини за миење садови, опремени со технологија на топлинска пумпа, трошат до 10% помалку енергија од горната граница за А класа. Но, оваа година на IFA 2023 презентираме машина со уште подобри перформанси која троши до 20% помалку енергија од горната граница за класата А. Планираме да ја воведеме оваа технологија во првиот квартал на 2024 година. Исто така, нашите A-10% фрижидери со функцијата HarvestFresh се енергетски најефикасните производи на пазарот, а нашите Aquatech машини за перење со ефикасни системи за мешање детергент и вода ја надминуваат енергетска ефикасност А за 40%“ - соопштија од компанијата BEKO, глобален лидер во производството на апарати за домаќинство.

Beko

Машини за перење кои штедат

Една од технологиите на новата генерација, технологијата EnergySpin ќе ја намали потрошувачката на енергија во најчесто користените програми на моделите на машини за перење BEKO, промовирајќи поодржлив, ефикасен и поекономичен начин на живот во секој дом. Технологијата EnergySpin е единствено решение на пазарот кое обезбедува заштеда на енергија не само за Eco програмите туку и за другите програми за перење како што се „Памук“, „Синтетика“, „Брзо перење“, „Деликатно“, „Mикс“, „Програма на 20 °C“ и програмата „Ладно перење“.

Наместо да се потпира на топлина за растворање на детергентот и отстранување на нечистотијата, технологијата BEKO EnergySpin го става детергентот во алиштата порано и ја користи моќта на повисоките брзини на барабанот од вообичаените за да ја подобри брзината со која детергентите се раствораат. Овие единствени движења на барабанот ја заменуваат потребата за прекумерно создавање топлина за време на перењето, а резултатот е помала потрошувачка на енергија - до 35% помалку отколку кај традиционалните машини, со висок квалитет на перење. EnergySpin треба да биде дел од поголемиот дел од асортиманот на уредите за заштеда на енергија на BEKO, кои се достапни низ цела Европа. Производот ќе се најде на пазарот до крајот на 2023 година, а ќе биде претставен и на IFA 2023 во Берлин.

Иновациите се клуч за успех и доверба

Инвестирањето во иновациите е клучен елемент на целокупната стратегија на BEKO. BEKO посветува значителноколичество на ресурси за развој на еколошки прифатливи, паметни и практични производи.

„Управуваме со 30 најсовремени центри за истражување и развој, во кои се сместени повеќе од 2.300 истражувачи ширум светот. Во моментов имаме околу 3.000 регистрирани патентни пријави ширум светот. Светскиот економски форум ги препозна нашите паметни фабрики во Романија и Турција како најуспешни капацитети за Индустрија 4.0 ширум светот. Овие објекти, исто така, ја илустрираат нашата посветеност за постигнување на нето нулта иднина - користење 100% зелена електрична енергија, максимизирање на ефикасноста на ресурсите и имплементација на напредни решенија за третман на отпадните води“ - велат во BEKO.

Комерцијален текст

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 12%
  • 25%
  • 63%
Се испраќа...

(Вкупно: 14381 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.