Во сезоната на алергии: Со Снизтоп надминете ги симптомите на сезонска осетливост
Почетна » Новости » Промо » Во сезоната на алергии: Со Снизтоп надминете ги симптомите на сезонска осетливост

Во сезоната на алергии: Со Снизтоп надминете ги симптомите на сезонска осетливост

Алергијата е преосетливост на имунолошкиот систем, а алергиските реакции се јавуваат кога имунолошкиот систем реагира на нормално безопасни супстанции од животната средина. Алергијата резултира со воспалителен одговор кој може да се движи од непријатен до опасен. Симптомите од алергијата можат да се прошират низ целиот организам (анафилактичен шок) или локализирани на одредени системи (на пример, астма локализирана на белите дробови, егзем локализиран на кожата, конјуктивитис локализиран на очите).

Снизтоп

Најчести алергиски заболувања кои се јавуваат кај популацијата се алергиски ринитис и атопичен дерматитис.

Алергискиот ринитис претставува воспалителна болест на слузницата на носот и се карактеризира со следните симптоми: течење, затнатост и чешање на носот, како и зачестено кивање. Алергискиот ринитис се јавува кај сите возрасни популации, а зачестеноста е се поголема во послените декади со оглед на загадувањето на воздухот. Најчести алергени кои предизвикуваат алергиски ринитис се полен од трева, дрва, цвеќиња, домашен прав како и влакна од миленичиња. Истите се застапени во текот на целата година.

Атопичен дерматитис е хронична, повторувачка и воспалителна болест на кожата, која е често фамилијарна. Оваа состојба е често поврзана со прекумерно чешање, проследена со кожни оштетувања карактеристични за дадената возраст. Што се однесува до бебињата, првите промени може да се видат на образите. Во текот на раното детство и во подоцнежна возраст оштетувањата на кожата имаат тенденција да го покриваат задниот дел на вратот, задната површина на екстремитетите, заедно со местото на превиткување на зглобовите .

Снизтоп

Снизтоп претставува природно решение за намалување и отстранување на симптомите кои се јавуваат при сезонска преосетливост. Снизтоп содржи уникатни биоактивни деривати од јајца од препелица наречени овомукоиди. Делува на тој начин што гиблокира алергените да овозможат ослободување на воспалителните супстанции и да го спречат појавувањето на симптомите на сезонска преосетливост. После земањето на таблетите за џвакање, симтомите како што се кивање, чешање и течење на носот, солзење на очите исчезнуваат за 10-15 минути. Исто така при атопичен дерматит Снизтоп ја намалува површината на зафатената кожа, го намалува чешањето, го намалува отокот, црвенилото и ерозиите кои се јавуваат при ова хронично, повторувачко и инфламаторно заболување на кожата.

Снизтоп е клинички докажан, добро се толерира и има добар безбедносен профил. Погоден е за сите возрасни групи и се препорачува кај деца над 6 години и возрасни. Се земаат 1-2 таблети за џвакање наеднаш, а дозата може да се повтори на секои 2-3 часа во зависност од присуството на симптомите.

Комерцијален текст

Анкета

Анкета
Сметате ли дека е добра мерката за задолжително носење на заштитна опрема на лицето (маска, шал)?
  • 63%
  • 37%
Се испраќа...

(Вкупно: 5985 гласа)

Цитат

Можеш да ги исечеш сите цвеќиња, но не можеш да ја спречиш пролетта да дојде.

Пабло Неруда

Виц

Се качувам на вага по завршувањето на карантинот.

Вагата покажува: „Ве молам почитувајте социјално дистанцирање. Качувајте се еден по еден!“