Ајде да имаме време!
Почетна » Новости » Промо » Ајде да имаме време!

Ајде да имаме време!

За сѐ што е добро е потребно време. Па така е и со кафето. Една шолја вистинско домашно кафе бара време за да се подготви, за потоа да се ужива во неа. Токму затоа и сакаме да пиеме кафе во друштво бидејќи знаеме колку е времето денес важна валута и баш тие моменти кои ги посветуваме на подготовка на кафето и на дружење со луѓето кои ни значат претставуват совршена мала оддишка од забрзаното секојдневие.

Повеќе од јасно е дека денес сите живееме брзо, дека многу често денот го мериме во секунди, но и дека времето некогаш го трошиме на одредени работи кои не ни се толку важни.

Гранд кафе

„Немам време“ стана чест изговор, па дури и слоган на модерното време, без разлика дали тоа се однесува на вистински обврски или на непрекинато гледање во екраните околу нас.

Па дури и заедничкото кафе се претвори во губење на драгоцено време. А токму тие моменти поминати во дружење со семејството и пријателите, кога забавуваме и за момент застануваме, кога „имаме време за кафе“, она кое нѐ исполнува, она кое ни го прави животот поубав и посреќен.

Затоа, ајде да се потсетиме кои се важните работи во животот. Да ги дефинираме приоритетите. Токму тоа ни го порачува и новата кампања на Гранд кафе.

Денес, можеби и повеќе отколку било кога претходно, треба да уживаме во семејството, пријателството, љубовта. Оние моменти на уживање, моментите кога „имаме време“ се оние кои се навистина важни, кои нѐ исполнуваат, кои ни го прават животот повесел и помалку стресен.

Затоа ајде денешното уживање да го направиме повеќе од само една голтка „на брзина“. Ајде да имаме време и да уживаме во кафето со луѓето кои ги сакаме.

Подгответе Гранд кафе и погледнете ја новата рекламна кампања ТУКА.

Комерцијален текст

Анкета

Анкета
Кога би можеле да изберете со која вакцина за заштита од КОВИД-19 да се вакцинирате, дали тоа би влијаело на вашата одлука за имунизација?
  • 36%
  • 11%
  • 53%
Се испраќа...

(Вкупно: 6786 гласа)

Цитат

Животот секогаш ти нуди втора шанса. Таа се нарекува УТРЕ.

Дилан Томас

Виц

Женскиот проблем „немам што да облечам“ е во изумирање во време на пандемија.

Сега се појави „имам што да облечам, но нема каде да го носам“.