Андреа Бочели - моќното грло што го одбележа нашето време
Почетна » Новости » Промо » Андреа Бочели - моќното грло што го одбележа нашето време

Андреа Бочели - моќното грло што го одбележа нашето време

Андреа Бочели е италијански пејач, писател и музички продуцент, кој е роден е на 22-ри септември, 1958-та година во Тоскана. Како оперски тенор, има изведено четири комплетни опери („La Boheme“, „Il Trovatore“, „Werther“ и „Tosca“) и петнаесет други албуми во класичен или популарен стил, а можеби е фер да се каже дека кулминација на неговиот уметнички опус е соработката со Лучијано Павароти.

Бочели се родил со глаукома, а видот го загубил на 12 години поради мозочно крварење, последица од удар на главата. Во детството, Бочели свирел на црковни оргули и на 12 години ја добил наградата „Margherita d'Oro in Viareggio“ со изведба на „O sole mio“. Тоа е неговата прва награда од низата признанија во неговата кариера.

Андреа Бочели

Тој завршува на Универзитетот во Пиза, каде се стекнува со звањето – Доктор на право. Потоа зема часови по соло пеење кај Лучано Ветарини, со што комплетно ѝ се препушта на музиката.

Величината на Бочели се состои во тоа што тој постојано се надградува и неуморно вежба, па оттаму и неспорната моќ на неговото грло.

Меѓу останатите клучни моменти во неговата кариера се смета аудицијата за тенори пред рок ѕвездата Ѕукеро во 1992-та. Кога Лучијано Павароти стигнал до снимката од аудицијата на Бочели, го убедувал Ѕукеро дека доколку бара тенор за соработка, слепиот пејач е подобар избор и од него самиот...

Две години подоцна, ја носи победата на Сан Ремо со изведбата на „Il mare calmo della sera“. Истата 1994-та во улогата на Мекдаф дебитира во вердиевата „Макбет“, настапува во чест на Павароти, како и на божиќната церемонија во Ватикан пред Папата.

Веќе следната 1995-та, на Сан Ремо го освојува 4-то место со „Con Te Partirò“, по што доаѓа сензационалниот успех на истата песна во изведба со сопранот Сара Брајтман. „Time to Say Goodbye“ ги руши рекордите за продажба и речиси шест месеци останува на германската Топ 10 листа.

Следуваат многу албуми и настапи по целиот свет, за во 1998-та да ги освои и срцата на американската публика, притоа настапувајќи на некои од најелитните сцени во САД. По соработката со Селин Дион за темата „The Prayer“ сè е веќе јасно. Бочели оправдано се позиционира како меѓународна вокална сензација, за само да продолжат да се нижат успешни албуми и награди, меѓу кои и Греми за најдобар нов уметник во 1999-та и за најдобра поп изведба на машки вокал за „Sogno“ во следната 2000-та. Дополнително, меѓу неговите успешни соработки се вбројуваат и оние со поп ѕвезди како Ед Ширан, Џенифер Лопез, Нели Фуртадо, Дуа Липа...

Андреа Бочели

Како една од најсериозните легитимации на делото, величината и заслугите на Бочели е Орденот за заслуги од родната Италија во 2006-та, а тука е и холивудската ѕвезда која во негова чест беше поставена во 2010-та. Признанија пристигнуваат од сите страни и факт е дека ова време е време на Бочели, па не чуди нетрпението и возбудата што го карактеризираат секој негов следен настап каде било во светот.

Текстот е инспириран од Септолете тотал – единствениот препарат за грло со тројна сила

Андреа Бочели

Комерцијален текст

Анкета

Анкета
Дали редовно си правите самопреглед на дојките?
  • 76%
  • 24%
Се испраќа...

(Вкупно: 18536 гласа)

Цитат

Не патуваме за да избегаме од животот, туку за животот да не ни избега нам.

Анонимен

Виц

Мажите со брада во 1819 година:

- Ќе ја убијам оваа мечка со голи раце!!!

Мажите со брада во 2019 година:

- Органски ли е овој крем за раце?