Почетна » Новости » Музика » „Трепет“: Спотот за новата песна на Сара Мејс и Eye Cue

„Трепет“: Спотот за новата песна на Сара Мејс и Eye Cue

Сара Мејс и Eye Cue ги здружија силите за да создадат нова музика. Тие заедно ја снимија песната „Трепет“.

Музиката и текстот ги потпишува Сара, аранжманот е на Бојан и Сара, а песната е снимана во „Подрумот“. За видеоспотот, сниман во село Бојанчиште, се погрижи Кристијан Шемко.

ВИДЕО

Сара и Eye Cue премиерно ја отсвирија песната на Skopje Unplugged 2020.

„Бојан и Марија често пати ми зборуваа за оваа песна. Ова лето го искористивме слободното време кое што го имавме повеќе од вообичаеното, ја стокмивме „Трепет“ и ја отсвиривме премиерно на Skopje Unplugged 2020. Ни се допадна изведбата и како сето тоа звучеше, па решивме да ја крунисаме со спот за да влеземе со трепет во есента. Ова е за сите оние кои што знаат да уживаат и се среќни со тоа што го имаат“ – изјави Сара за настанувањето на „Трепет“.

Спотот за Трепет Спотот за Трепет Спотот за Трепет Спотот за Трепет

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 10%
  • 26%
  • 64%
Се испраќа...

(Вкупно: 10404 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.