Почетна » Новости » Музика » Спотот на Тамара Тодевска за песната „Proud“ со која ќе нè претставува на Евровизија

Спотот на Тамара Тодевска за песната „Proud“ со која ќе нè претставува на Евровизија

Тамара Тодевска ја објави песната со која ќе нè претставува на Евровизија. На големата сцена во Тел Авив, 33-годишната пејачка ќе настапи со песната „Proud“ (Горда), во која ќе се пронајде секоја жена.

Видео

Неодамна, Тамара објави искрена порака во која потенцираше дека оваа песна ќе ја пее за нејзината ќерка Хана, бидејќи посакува нејзините деца да можат да живеат во свет без стереотипи и наметнати правила за жените.

Не случајно Тодевска ја објавува оваа песна токму на Меѓународниот ден на жената.

Музиката ја потпишуваат Роберт Билбилов, Лазар Цветковски и Дарко Димитров. Текстот е дело на Коста Петров и неговата сопруга Сања Поповска, а во спотот се појавува и нивната ќерка Бела.

Покрај Тамара и нејзината ќерка, во спотот се појавуваат успешни жени како Тијана Дапчевиќ, манекенката Катарина Ивановска, поранешната ракометарка Андријана Будимир, актерката Јана Стојановска, писателката Винка Саздова, тенисерката Лина Ѓорческа, харфистката Мерсиха Шукри и пејачката Ивона Јовановиќ.

На прашањето зошто избрала да пее на англиски јазик, Тамара одговори: „Многу повеќе ќе нè разберат тоа што имаме да кажеме. Мислам дека имаме светска песна.“

„Ова е приказна е за секоја жена, приказна за секоја мајка, приказна за секоја баба“ – рече Тамара по премиерното прикажување на спотот.

Proud Proud Proud Proud Proud Proud Proud Proud Proud Proud Proud Proud Proud Proud Proud

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 10%
  • 26%
  • 64%
Се испраќа...

(Вкупно: 9532 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.