Почетна » Новости » Музика » „Пред да се раздени“ – слушнете ја новата евровизиска песна на Есма и Лозано

„Пред да се раздени“ – слушнете ја новата евровизиска песна на Есма и Лозано

Пред малку беше претставена новата песна со која Есма Реџепова и Влатко Лозаноски ќе настапат на Евровизија 2013.

Композицијата „Пред да се раздени“ е дело на Лазар Цветкоски и Дарко Димитров, аранжманот го направи Дарко Димитров, а за текстот е заслужна пејачката Магдалена Цветкоска – Ена, додека зад делот на Есма како комплетен автор стои Симеон Атанасов.

Видео: Македонија24

„Направен е спој што до максимум ги извлекува вокалните можности на Есма и Лозано. Оваа песна е модерна со примеси на ромска музика по која Есма е насекаде во светот препознатлива како уметник. На овој начин се спојуваат два различни стилови во еден производ достоен за наше претставување на Евросонг. Името на Есма, нејзиниот квалитет во изведувањето на ромската музика познат во светски рамки, со одличниот вокал на извонредниот Лозаноски ќе биде одличен начин за наше претставување во Малме“ – истакна Љупчо Мирковски, шеф на делегацијата за Малме од МТВ.

„Верувам во „Пред да се раздени“. Во песната максимално доаѓаат до израз моите и вокалните способности на Есма и сигурен сум дека одлично ќе ја претставиме Македонија во Шведска. Во наредниот период ќе бидеме сконцентрирани на осмислување на сценскиот настап и на нашата изведба таму“ – изјави Лозано.

Пред две недели беше објавено дека кралицата на ромската музика и познатиот поп-пејач ќе настапат со „Империја“, но песната и видеозаписот беа повлечени по бројните негативни критики.

„Како докажан професионалец, и познавач на правилата на ЕБУ, целосно се согласувам со одлуката на МРТ за промена на песната, што го гледам како нејзино право, кое ѝ е овозможено со закон. Беше почитувана желбата на граѓаните на Македонија и по нивна сугестија се прифати нова песна. И мене лично многу ми значи мислењето на мојот народ, затоа што овој ист народ е заслужен што јас сум денес големо име. Песната е спој на модерното и традиционалното, по мое мислење, нешто што ќе ја запали Европа. Очекувам добар пласман и голем успех за Македонија“ – вели Есма.

Есма и Влатко ќе настапат во Малме, Шведска, за време на втората полуфинална вечер која ќе се одржи на 16 мај.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 10%
  • 26%
  • 64%
Се испраќа...

(Вкупно: 9525 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.