Мартинијан Кириловски со „100 пати на ден“ победи на „Макфест 2019“
Почетна » Новости » Музика » Мартинијан Кириловски со „100 пати на ден“ победи на „Макфест 2019“

Мартинијан Кириловски со „100 пати на ден“ победи на „Макфест 2019“

Мартинијан Кириловски е големиот победник на „Макфест 2019“. Младиот поп-пејач со песната „100 пати на ден“ застана на првото место на овогодишниот фестивал на забавни мелодии.

Кириловски освои и парична награда во износ од 5.000 евра.

Макфест 2019

Текстот и музиката на песната се дело на Ристо Самарџиев, додека за аранџманот се погрижил Иле Спасев.

Видео

Александар Митевски и Драган Спасов – Дац го освоија второто место со песната „Уште ми фалиш“ и освоија 3.000 евра.

Третото место им припадна на Фрајле кои настапија со песната „Не ѝ признавај“. Паричната награда за нив изнесуваше 1.000 евра.

Награда за Најдобар сценски настап освои Мартија Станојковиќ за „Возбуда и љубов“, наградата за Најдобар аранжман отиде во рацете на Иле Спасев за „Кој те учи така“, на Славица Ангелова ѝ беше врачена наградата за Најдобар дебитант за „Љубовта не боли“ и Росана Сариќ – Тодоровска за изведбата на „Спомени“ доби наградата за Најдобра интерпретација. Сите освоија награда од 500 евра.

Макфест 2019

Водителка беше Марјана Станојковска.

Анкета

Анкета
Дали редовно си правите самопреглед на дојките?
  • 26%
  • 74%
Се испраќа...

(Вкупно: 2418 гласа)

Цитат

Не патуваме за да избегаме од животот, туку за животот да не ни избега нам.

Анонимен

Виц

Мажите со брада во 1819 година:

- Ќе ја убијам оваа мечка со голи раце!!!

Мажите со брада во 2019 година:

- Органски ли е овој крем за раце?