Марко Маринковиќ-Слаткар го објави спотот за песната „Магдалена“ за која соработуваше со браќата Мартин и Стефан од Next Time.
Музиката и текстот на песната се дело на самиот Слаткар, а се дел од неговиот нов албум „Што сакаш да бидеш која ќе пораснеш?“ кој излезе вчера.
„Денес излегува новата соработка со Слаткаристика, реална приказна напишана од страна на Марко Слаткаристика. Ценете ја жената, ценете го животот“ - напишаа од Next Time.
Слаткар и Next Time имаат соработувано и претходно за хитот „Океани“.
Покрај „Магдалена“, на албумот се најде и соработката со Тони Зен – „Спушти се доле 2“, соработката со Лина и 2Бона – „Аритмија“, како и неговите песни „Не се слави Сам“, „50 евра“, „Мама“ и „Сол на рана“.