Почетна » Новости » Музика » Горан Бреговиќ доаѓа во Скопје

Горан Бреговиќ доаѓа во Скопје

Горан Бреговиќ

Комерцијален текст

Ја прогласуваме неделата на маестро Горан Бреговиќ.

Најголемиот балкански музички бренд го најавува своето спектакуларно и единствено балканско доаѓање за пет дена, 20 мај 2011 во Метрополис Арената. Концертот е закажан за 22 часот, вратите се отвораат во 21.

Долгоочекуваниот настап на Горан Бреговиќ по концертот ќе биде придружуван од ConTruDj. Забавата во Метрополис арената во петок ќе трае до 3 часот по полноќ.

Оваа недела влезници во претпродажба во Југотон, Розе Веро 2, Камарад Рамстор, Тобако Тугедер и Стоп Шоп салоните по цена од 600 денари, на врата 700 денари, додека VIP влезници чинат 900 денари, на врата 1000 денари.

Горан БреговиќГоран Бреговиќ

Потсетуваме: Бреговиќ е уникатен музичар чија музика инстинктивно се препознава, со неодолива потреба да танцувате. Неговата богата кариера е повеќе од импозантна: со 16 години ги формира мегауспешните Бијело Дугме, композитор е на најпознатите филмови на Емир Кустурица, соработувал со многу ѕвезди од музичкиот, филмскиот и шоу бизнисот – Иги Поп, Офра Хаза, Цезариа Евора, Сезен Аксу, Каја, Јоргос Даларас, Патрис Шеро, Борат, Северина и многу други. Автор е и на голем број амбициозни мултимедијални театарски проекти, како и на операта Karmen with a Happy End, која ја компонираше во 2004 година. Почесен граѓанин е на Буенос Аирес, Тирана и Атина, а Универзитетот во Шефилд, Англија го почести со титулата „Doctor of Music“.

Скоро и да не постои земја каде што Горан Бреговиќ не настапувал. Со својот оригинален настап, Бреговиќ и неговиот оркестар се радо видени гости на сите географски ширини. Роден да биде ѕвезда, највлијателната појава од овие простори по многу години пак ќе настапи пред македонската публика. Не дозволувајте да ви раскажуваат.

Концертот на Горан Бреговиќ е во организација на Music Star од Белград и Octopussy Entertainment од Скопје.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11081 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.