ВИДЕО: Легендарните супермодели во секси спот на Duran Duran
Почетна » Новости » Музика » ВИДЕО: Легендарните супермодели во секси спот на Duran Duran

ВИДЕО: Легендарните супермодели во секси спот на Duran Duran

Најновиот спот на познатата англиска група Duran Duran ги собра на едно место незаборавните оригинални супермодели од 90-тите. Синди Крафорд, Наоми Кембел, Хелена Кристенсен, Ева Херцигова и Јасмин Ле Бон се во главните улоги на видеото исполнето со сексапил, кожа, блескави кристали и дизајнерски креации.

Секоја од познатите долгоноги убавици влегува во улогата на по еден од членовите на бендот – Синди Крафорд е Џон Тајлер, Наоми Кембел е Сајмон Ле Бон, Хелена Кристенсен е Роџер Тејлор, а Јасмин Ле Бон е секој гитарист што го имала групата досега. А, пак, вистинските членови на Duran Duran ги интервјуираат супермоделите.

Оскудната облека на петте убавици го прави спотот особено жежок, а освен легендарните супермодели во спотот се појавуваат и многу други манекенки. Стилисти на спотот се ветераните во модната индустрија Долче и Габана, а и самите тие се дел од некои кадри на видеото.

Спотот е режиран од Џонас Акерлунд, а песната на којашто веројатно најмалку ќе ѝ обрнете внимание носи наслов „Girl Panic“.

Анкета

Анкета
Каков е вашиот став за вакцина против КОВИД-19?
  • 16%
  • 21%
  • 64%
Се испраќа...

(Вкупно: 10427 гласа)

Цитат

Некои од најдобрите спомени се создадени во апостолки.

Кели Елмор

Виц

Крем со колкав фактор?

- Со 20.

Доволно ќе ви е?

- Ако згрешам, нека изгорам.