ВИДЕО: Кајли Миног со нежен спот за баладата „Flower“
Почетна » Новости » Музика » ВИДЕО: Кајли Миног со нежен спот за баладата „Flower“

ВИДЕО: Кајли Миног со нежен спот за баладата „Flower“

Кајли Миног објави црно-бел спот за баладата „Flower“. Во видеото, 44-годишната пејачка изгледа рајски убаво додека се шета низ шуми и полиња.

Слушајќи го текстот на песната (Distant child, my flower/ Are you blowing in the breeze/ Can you feel me as I breathe life into you), многу фанови на Кајли се запрашаа дали таа преку песната ги изразува своите чувства за раѓањето на дете.

Кајли, која е во врска со моделот Андрес Веленкоса, не крие дека сака да има свое дете, но се плаши дека тоа нема да се случи по борбата со рак на дојка. „Понекогаш сакам деца, но не знам дали тоа ќе ми се случи мене. Сè што можам да кажам е дека ќе видиме“ – изјави таа пред две години.

Новиот спот го режирала самата пејачка. „Сакав да го режирам видеото затоа што отсекогаш знаев како сакам да ја илустрирам песната“ – открила таа.

„Flower“ не е нова песна, Кајли со години ја изведува во живо на своите концерти. Но, оваа студиска верзија на песната е дел од претстојниот албум на Кајли, „The Abbey Road Sessions“.

Анкета

Анкета
Каде планирате да одите на одмор летово?
  • 40%
  • 14%
  • 25%
  • 21%
Се испраќа...

(Вкупно: 9639 гласа)

Цитат

Некои од најдобрите спомени се создадени во апостолки.

Кели Елмор

Виц

Крем со колкав фактор?

- Со 20.

Доволно ќе ви е?

- Ако згрешам, нека изгорам.